Контакт

Македонија

Сања Лукаревска се враќа на директорското место во УЈП

Објавено пред

Владата на денешната седница го разреши Фарук Омери од должноста в.д. директор на Управата за јавни приходи и на оваа функција ја именува Сања Лукаревска.

dobivaj vesti na viber

По верификувањето на мандатот за пратеник во август, Лукаревска ја напушти функцијата директор на Управата за јавни приходи, а на нејзино место за в.д. директор беше поставен Омери.

На денешната седница, на предлог на Комисија за именување, Владата донесе одлука и Бајрам Реџепи да го избере за член на Одборот на директори на Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси Скопје во државна сопственост.

Исто така, Владата денеска му предложи на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој да ја именува Моника Јованова за претседател на Управниот одбор на Фондот.

На оваа седница Владата го именуваше Фатмир Арифи за в.д. директор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Македонија

Времето денеска променливо облачно со услови за слаб локален дожд

Објавено пред

Вo Македонија времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 20 Целзиусови степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Утре ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Потоа во текот на следната работна седмица ќе преовладува стабилно и тивко време со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштаат под нула. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Прикажи повеќе...

Македонија

Доделени ЕУ наградите за истражувачко новинарство 2024

Објавено пред

Церемонијата за доделување на Наградите на Европската Унија за истражувачко новинарство 2024 организирана се одржа во петок, 18 октомври 2024 во Скопје на која беа наградени најдобрите стории објавени во Северна Македонија. Престижната награда поддржана од Европската Унија ги препознава најдобрите истражувачки стории објавени во претходната година во земјите од Западен Балкан и во Турција.

dobivaj vesti na viber

Церемонијата ја отвори амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, кој ја истакна посветеноста на Европската Унија во поддршката на независното новинарство и слободата на медиумите во регионот.

„Новинарството ни треба за функционира демократијата. Професионалното новинарство ни помага да се справиме со многу предизвици. Социјалните мрежи лесно креираат јавно мислење. Она што е потребно е да се обидеме да асистираме на професијата, да не кажам, да ги достигне ЕУ стандардите, туку да се осигураме новинарите да можат да работат на истражувања. Ова е можност да се покаже импактот на истражувачкото новинарство кое креира општествени промени и средина во која граѓаните ќе просперираат“, рече амбасадорот Рокас.

Претседателот на жири-коисијата Валентин Нешовски даде увид во процесот на селектирање на пристигнатите апликации и темите кои биле истражувани.

„Мора да кажам иако ќе звучи како фраза – жирито имаше тешка работа. Не затоа што не уживавме во работата туку затоа што од вас добивме за анализа одлични новинарски трудови. Процедурата на жирирање вклучуваше поединечно бодување по сите овие критериуми а потоа и состанок на кој се дебатираа резултатите. И тука мора да кажам се соочивме со тесни резултати. Поради, пак, ќе нагласам, квалитетот“, рече Нешовски.

По говорите беше претставена жири-комисијата која ја сочинуваа Валентин Нешовски, Лајла Веселица и Константин Тесторидес.

Победниците на кои сертификатите им ги додели амбасадорот Рокас беа прогласени во следниот редослед:

3. место:
Александар Методијев и Сузана Мицева за сторијата „Кревките Шуми“ (Нота.мк) која истражува нелегална сеча на шуми и институционална негрижа за животната средина.

2. место:

Миомир Серафиновиќ и Снежана Лупевска Созен за сторијата „Семејно стебло Зајас, Соравиа, струја, дипломатија“ од емисијата КОД, ТВ Телма која открива фамилијарни врски и злоупотреби од високи функционери.

1. место:

Ирена Мулачка од Фокус за сторијата „Скандал Онкологија“ (Фокус) со која се открија злоупотреби со терапиите за онколошките пациенти.

По доделувањето на наградите победниците имаа можност да одржат краток говор:

„Во целата приказна, вработените на онкологија се охрабрија да учествуваат во сторијата и да зборуваат за тоа што се случувало таму. Искрено се надевам дека малку од малку успеав оваа приказна да помогне на пациентите во Македонија и се надевам дека до крај на годината ќе има правна разврска. Благодарност до редакцијата Фокус, до жирито и до моето семејство“, рече Ирена Мулачка.

„Благодарност до жирито за наградата. Рекоа дека е храброст да се истражува и жирито ја препозна храброста да се истражува едно семејство кое до скоро беше во власта. Истражувачкото новинарство расте, многу ми е мило што ЕУ не се откажува од нас и и ни дава поддршка“, рече Миомир Серафиновиќ по примањето на наградата.

„Чест ми е што сум овде, што ова неверојатно патување кое го имавме со колегите, ја доби втората награда по она од СЕММ и УНЕСКО. Беше предизвик да се отиде на Јабланица, непокорот на локалното население заслужува признание затоа што нивното противење да се уништува шумата не мотивираше да ја направиме сторијата“, рече Сузана Мицева.

Победниците на националниот конкурс за ЕУ наградата за истражувачко новинарство ќе имаат шанса да се натпреваруваат и за регионалниот конкурс на кој се наградуваат стории со регионално влијание од посебна жири-комисија. Победниците на регионалниот конкурс ќе бидат објавени во последната недела на Октомври во Анкара, Турција.

За Наградата на Европската Унија за истражувачко новинарство

ЕУ наградата за истражувачко новинарство е координирана од Томсон медија, а во Македонија имплементирана од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници како дел од проектот „Зајакнување на квалитетот на вестите и независното новинарство на Западен Балкан и во Турција 2“. Проектот е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од конзорциумот составен од Балканската истражувачка репортерска мрежа – БИРН Хаб, Централно-европскиот Универзитет (ЦЕУ) – Унгарија, Асоцијацијата на новинари (АЈ) – Турција, Томсон Медија (ТМ) – Германија, Универзитетот Гоце Делчев Штип (УГД) – С. Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) – С. Македонија, Асоцијацијата на медиумите од југо-источна Европа (МАСЕ) – Црна Гора и Балканската истражувачка репортерска мрежа Косово (БИРН Косово).

Прикажи повеќе...

Македонија

Во Куманово поставени корпи за отпад со уникатни еколошки пораки

Објавено пред

Комуналното претпријатие „Чистота и зеленило“ и Општина Куманово во соработка со Мен енд Маунтен и со поддршка на невладината организација „СОН“ од Гент, Белгија, во текот на вчерашниот ден ги исчистија речните корита во центарот на Куманово.

dobivaj vesti na viber

Во овој дел од реката, се наоѓа и парк за рекреација, кој постојано е посетуван од граѓаните и загадуван со отпад.

Општина Куманово, со поддршка од провинцијата Источна Фландрија во Белгија и невладината организација „СОН“ токму во овој дел од градот поставија 16 нови GENERALKA корпи за отпад.

Во акцијата и чистењето на речното корито земаа учество вработените од ЈКП „Чистота и Зеленило“ и волонтери од здружението Кумановски Акцијаши со голема поддршка од администрацијата на Општина Куманово и градоначалникот Максим Димитриевски.

На секоја од корпите за отпад напишани се уникатни пораки на македонски и албански јазик: „Создавај и не уништувај“, „Фрлете го тука вашето ѓубре – не вашата иднина“, „Твојот град – твој дом“, „Биди решение, а не загадување“, „Користете ме, но не ме злоупотребувајте“, „Загадувањето значи твое труење“, „Престани да зборуваш – почни да делуваш“…..

Идејата е да се покрене свеста на граѓаните и овие пораки да натераат секој што ќе помине оттаму и ќе ги прочита да размисли за неговата одговорност кон околината и заедницата.

„Иако симболичен, ова е многу значаен проект за нас. ЈП “Чистота и зеленило” и Општина Куманово, со поддршка од провинцијата Источна Фландрија од Белгија и во соработка со невладината организација “СОН” од Гент, Белгија, во текот на вчерашниот ден го исчисти речното корито на градскиот кеј и поставија 16 нови GENERALKA корпи за отпадоци. На секоја корпа за отпад испишани се наменски и специфични пораки до граѓаните за тоа како треба да се однесуваат за да ја заштитат животната средина и да го чуваат нивниот град чист. Ова е мотивирачки пример како да ги означиме и другите места во градот со вакви специфични пораки до сите граѓани. Градот Куманово е благодарен“, вели Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово.

Директорот на Јавното комунално претпријатие „Чистота и зеленило“, Ненад Стојановски, во придружба на заменик директорката на претпријатието, Цветанка Ивановска, апелира до граѓаните да се придржуваат до хигиената и ги повика другите организации што почесто да иницираат вакви еколошки акции:

„Пораките на корпите имаат намера да им укажат на граѓаните да одложуваат отпад на соодветно место. ЈП Чистота и зеленило ги поддржува сите вакви акции и ги охрабрува и другите организации да иницираат и организираат еколошки акции, а ние со нашиот потенцијал и механизација секогаш сме им на располагање. Апелираме до граѓаните да се придржуваат до хигиената“.

СОН е нова белгиска невладина организација со фокус на културата и општеството.

„Со поддршка од провинцијата Источна Фландрија (Белгија) и во соработка со Мен енд Маунтен / GENERALKA среќни сме што можеме да го поддржиме градот Куманово за да создаде поеколошка средина за целото општество “, велат Јан Хозе, претседател на СОН и Катинка Димкароска, член на управниот одбор на СОН.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 часа

Во избришаната порака не пишувало „кажете само колку пари треба“, туку „полицијата не презема ништо, тврди дека Вања е избегана“, уверува Туфегџиќ

По денешното судење за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, адвокатот на таткото на Вања, Владимир Туфегџиќ, укажа...

Македонија19 часа

ДУИ: Од 34 универзитетски клиники, само три ги водат албански медицински директори, „Вреди“ уништува сè што беше постигнато во здравството

Од доаѓањето на ВРЕДИ на власт до денес, за 100 дена ги демолираа и продолжуват да демолират се што беше...

Македонија21 час

МВР изгубило два дена од потрагата по Вања на проверка на момче од Шведска, со кое контактирала на интернет, трагата не водела никаде

Началникот на единицата за насилен криминал, Дејан Димовски, во денешното продолжение на судењето за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорческа и...

Македонија21 час

100 килограми небезбедно месо, продажба на замрзната чорба, вработени со неважечки санитарни книшки, откриле вонредните контроли на АХВ во Куманово

Приближно 100 килограми небезбедно месо и подготовки од месо нештетно уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ)...

Македонија22 часа

(Видео) СДСМ бара разрешување на Христовски од АНБ: „Тој е партиски кадар и пропагандист на ДПМНЕ“

„Со назначувањето на Бојан Христовски власта на Мицкоски и ДПМНЕ прави опасна партизација на Агенцијата за национална безбедност и ги...

Македонија22 часа

Со нови сведоци продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

Денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Како и претходно,...

Европа1 ден

(Видео) Се преврте автобус во Турција, шест лица загинаа

Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени при превртување на туристички автобус во Аксарај, Турција. Туристичкиот автобус од непозната...

Свет1 ден

Како Израел го пронајде и уби лидерот на Хамас

Израелската војска повеќе од една година трага по лидерот на Хамас, кој исчезна во Газа набргу откако го организираше масакрот...

Свет1 ден

Турски министер: Евентуалната војна меѓу Израел и Иран е сериозна закана за регионот

Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан изјави дека евентуална војна меѓу Израел и Иран треба да се смета...

Свет1 ден

Ким Џонг-ун: Јужна Кореја е странска и непријателска земја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека Јужна Кореја е странска и непријателска земја, објавија државните медиуми. Забелешките доаѓаат еден...

Свет1 ден

(Видео) Израелците веат знамиња и танцуваат на улиците, смртта на лидерот на Хамас се славеше и на плажите

Убиството на Јахја Синвар, првиот човек на Хамас, предизвика прослави на улиците на Израел. Граѓаните блокираа улици во Израел. Неколку...

Свет1 ден

(Видео) Снимени последните моменти на првиот човек на Хамас, фрли стап кон дронот

Израел објави дека Јахја Синвар, првиот човек на Хамас, е убиен во Рафа во Појасот Газа. Израелците тврдат дека цел...

Скопје2 дена

Град Скопје: Суетата на Мицкоски е поважна од потребите на граѓаните, одлуката да не се доделат средства за проектите ја потврдува секташката ментална состојба на владата

Одлуката на Владата да не додели средства за проектите за кои аплицираше градот Скопје уште еднаш ја потврдува секташката ментална...

Топ2 дена

(Видео) Уапсени 13 лица за проституција и дрога во Тетовско и Охрид, едно лице е во бегство

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР заедно со истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК, а под...

Македонија2 дена

Јакимовски до Јаневска: И се извинувам што ја нареков „северџанка“, мора да разговараме и заедно да обезбедиме услови за нормално функционирање на училиштата во Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски јавно и се извини на министерката за образование Весна Јаневска затоа што вчера ја...

Македонија2 дена

Струмица не доби пари оти конкурирала со веќе почнат проект, Мицкоски апелира до 16 ноември да поднесат нови проекти

Четирите локални самоуправи што не добија пари од унгарскиот кредит, Струмица, Град Скопје, Сарај и Теарце, до 15 ноември може...

Македонија2 дена

Филков ја разбира нервозата на Лога: Понатамошниот дијалог ќе се одвива пред надлежните органи

Министерот за правда, Игор Филков, стои зад вчерашните изјави дека неговиот претходник, Кренар Лога, пред да замине од функцијата со...

Топ2 дена

МВР го објави идентитетот на загинатите во сообраќајката кај Катланово, сите се велешани

Три лица загинаа на лице место во сообраќајната несреќа што се случи вчера на  автопатот Скопје – Велес, пред тунелот...

Македонија2 дена

Минчев: Сакаме да создадеме јавна администрација која ќе ги задоволи потребите на граѓаните

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на првата трибина во рамките на Платформата „100 oтсто Посветено за тебе“, одржана...

Македонија2 дена

Таравари за случајот со починатото бебе: Докторите направиле превид, директорите да преземат мерки

Немам ингеренции да избркам некого од работа, но инсистирам директорите на Детската клиника и на болницата „Козле“ да преземат мерки...