Црна хроника
Приведен скопјанец баран со потерница

Полицијата соопшти дека е приведен скопјанец баран со потерница. Вчера, во 16.40 часот, од страна на полициски службеници од ЕВР – ОКР Ѓорче Петров приведен е Ј. Ч. (41) во Скопје за издржување казна затвор. Тој е спроведено во КПУ „Затвор Скопје“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Предизвикале пожар на градската депонија: уапсени две лица во Демир Хисар

Вчера во 13.30 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода С.Ф.(28) и А.С.(48), двајцата од Прилеп.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик.
Имено осомничени се дека предизвикале пожар на градската депонија во Демир Хисар, а при преглед кај нив се пронајдени предмети со кои го предизвикале пожарот.
Според полицијата, по документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.
Топ
Кривична против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид: ја оштетил установата за 150 илјади денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишниот Г.С. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Во периодот на 2023 година, во својство на директор на Национална установа – Центар за култура – „Григор Прличев“ во Охрид, за време на одржување на фестивал на народни песни и игри 2023 година, за сместување на 72 лица, од туристичка агенција им била издадена фактура во износ од 387.450 денари.
По извршените проверки било утврдено дека во книгата на евиденција биле запишани 48 лица, при што е констатирано дека националната установа, претставувана од пријавениот, била оштетена за износ од 151.290 денари.
Црна хроника
Уапсен велешанец за издржување затворска казна од осум години

На 22.04.2025 во 17.50 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле Г.Ш.(45) од Велес, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од осум години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ од која настанале смртни последици, казниво по член 131 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната.