Македонија
Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата
Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор, предложи денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Вчера предложив истото тоа да се случи и со хронично болните, чие здравје е со ризик“, додава тој.
Како што вели Мицкоски, бројот на починати и на заразени на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата и затоа мора бремените жени да се заштитат од овој ризик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Mеџити: Дирекцијата за заштита и спасување се реформира, со цел подобрување на ефикасноста и ефективноста
Првиот вицепремиер и Министер за животна средина и просторно планирање, Изет Денеска денес ја посети Дирекцијата за заштита и спасување, каде беше пречекан од директорот Џеват Селами.
Директорот Селами на состанок на кој присуствуваше раководството на дирекцијата информираше за секојдневните активности што ги презема оваа институција.
Меџити ја пофали работата на оваа дирекција, за која изјави дека има многу важна улога во брзите и ефективни одговори на различните кризи кои ја погодија државата, ја има и ќе ја има континуираната поддршка од Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Спроведувањето на мерки за заштита на граѓаните од природни и вештачки ризици, идентификување и анализа на ризици кои можат да влијаат на безбедноста на граѓаните и инфраструктурата, се дел од главните задачи на оваа дирекција, и овие активности се превземаат многу успешно’ рече Меџити, додавајќи дека нивната реализација бара координација на активностите и тесна соработка со централните и локалните институции, како и со релевантните организации за да се обезбеди ефективен одговор на кризите.
Меџити изјави дека Дирекцијата за заштита и спасување започнала сериозна агенда за реформирање на сегашниот систем, со цел подобрување на ефикасноста и ефективноста на својата дејност, со целосна посветеност да им служи на граѓаните.
Македонија
Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
АМСМ известува за сообраќајна несреќа на патниот правец Тетово-Гостивар.
„Поради сообраќајна незгода на патниот правец Тетово – Гостивар на три километри од наплатната станица Тетово, од 20:30 часот сообраќајот е се одвива по една коловозна лента“, се истакнува во соопштението.
Македонија
Филипче изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче изрази сочувство до семејствата на загинатите во трагичната несреќа што се случи во Нови Сад, Република Србија.
-Со голема тага ја примив веста за страшната несреќа во Нови Сад која остави зад себе загубени животи. Во овие моменти на болка нашите мисли се со семејствата кои ги изгубија своите сакани и со целиот српски народ.
Упатувам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во оваа трагедија а на повредените им посакувам брзо и целосно закрепнување. Им даваме силна поддршка на медицински тимови и сите кои што се борат да ги извлечат и спасат настраданите под урнатините.
Овој трагичен настан не потсетува на кревкоста на животот, но и на тоа колку е важно да се поддржуваме меѓусебно како соседи, како пријатели, како народи кои знаат да споделат и радост, но и болка, стои во објавата на Филипче на Фејсбук.