Забава
Узо Адуба ќе глуми во новата сезона на „На терапија“
Десет години по третата и навидум последна сезона, „На терапија“ се враќа со нова sвезда, Узо Адуба („Портокаловата е новата црна“).
39-годишната Адуба е подготвена да глуми во новата сезона на популарната серија портретирајќи ја новата психијатарка Брук Лоренс, се вели во соопштението за печатот на Ејч-би-о.

Получасовната драмска серија ќе ја следи Лоренс додека таа управува со тројца пациенти и на сето тоа се занимава и со свои проблеми.
Продукцијата е предвидена да почне оваа есен под строги правила и протоколи за снимање во услови на пандемија, а сезоната треба да се појави во 2021 година на Ејч-би-о.
Серијата првично дебитира на Ејч-би-о во 2008 година следејќи го Габриел Брн како психотерапевт, д-р Пол Вестон, кој се здружи со својата стара психијатарка, д-р Џина Тол (Дајан Вист), која не ја видел веќе 10 години, за да ги реши своите проблеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Секси снимка од речиси голата Хајди Клум на многумина им го помати умот
Во неколку наврати имавме можност да уживаме во беспрекорните изданија на Хајди Клум, како и во провокативните објави на интернет.
На пример, го видовме нејзиното топлес издание кое ја одбележа 2025 година, и потценување е да се каже дека таа ги привлече симпатиите на машката публика во тоа време.
Сега таа повторно предизвика возбуда на интернет со видео од своето речиси голо тело. Прекрасната Германка истовремено уживаше во масажа на нозете и задникот, како и во омилената закуска на сите генерации – чипс.
Видеото ја скокоткаше имагинацијата на многумина, бидејќи откри дел од нејзиното витко тело. Набргу потоа, започна лавина од коментари и одеднаш сите ја сакаа работата на масерката на Хајди.
„Никогаш порано не сум била љубоморна на чипс“, „Прекрасна си, како и секогаш“, „Ќе те масажирам бесплатно“, се само дел од коментарите…
Забава
(Фото) Разголената фотографија на Златан Ибрахимовиќ предизвика хаос на интернет
Поранешниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ често е тема и на странските и на домашните медиуми. Неодамна го привлече вниманието на јавноста со своите остри изјави за родителството, а сега, благодарение на неговата последна објава на социјалните мрежи, стана фокус на светот.
Како активен член на Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот деловен и приватен живот, Златан не се срамеше да покаже малку од својата интимна страна.
Тој објави компилација од фотографии, но првата што привлече внимание беше неговата разголена фотографија.
Тој ја покажа својата атлетска градба и широки рамена, а забележлива беше и преголемата тетоважа со лав на која поранешниот фудбалер е многу горд.
Коментарите од фановите постојано пристигнуваа, а многумина беа воодушевени од неговиот изглед.
Забава
(Видео) Ќерката на Моника Белучи го привлече вниманието во Париз: „Вистинска убавина“
Дева Касел неодамна присуствуваше на ревијата на Диор што се одржа во рамките на традиционалната Недела на модата во Париз, и ги воодушеви сите присутни, и со својот стил и со природната убавина.
За оваа пригода, таа одлучи да носи комбинација инспирирана од модниот тренд „old money“. Таа блескаше во сина кошула и елек со интересни детали што ги комбинираше со широки беж панталони.
Deva Cassel – Attends Christian Dior Haute Couture Week Spring/Summer 2026 at Paris Fashion Week in Paris, France 01-26-2026
-> https://t.co/Ios5kKWX0v pic.twitter.com/O22i7qFyp9— Tha Starz (@thastarz) January 28, 2026
Целата комбинација е потпишана од модниот бренд Диор, а облеката се карактеризира со тивок луксуз и разиграни бои.
Стајлингот го комплетираше со накит од куќата Картие, а што се однесува до косата – од стилистот Џон Нолет побара малку брановидна фризура што ѝ паѓаше по грбот.
Видео од настанот објави нејзината мајка, познатата италијанска дива Моника Белучи, на својот официјален профил на Инстаграм. Бројните комплименти за изгледот на Дева беа, навистина, забележливи.
Deva Cassel arriving at the Musée Rodin for the Spring Summer 2026 Haute Couture show. #DiorCouture pic.twitter.com/5GHDFEyBGZ
— Dior (@Dior) January 27, 2026
„Каква мајка, таква ќерка“, „Прекрасна е“, „Идна ѕвезда на модната индустрија“, се само неколку.

