Свет
Фаучи: Првите дози од вакцината ќе бидат достапни кон крајот на декември или почетокот на јануари
Ако сè оди добро, првите дози безбедна и ефикасна вакцина против коронавирусот, најверојатно, ќе бидат достапни кон крајот на декември или почетокот на јануари за Американците со висок ризик, рече во четвртокот водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи.
„Врз основа на тековните проекции на водечките производители на вакцини ‘Модерна’ и ‘Фајзер’, Американците, најверојатно, во текот на декември ќе дознаат дали ќе имаме безбедна и ефикасна вакцина“, рече Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести.
„Се надеваме дека ќе ги имаме првите привремени резултати од клиничките испитувања во рок од неколку недели“, додаде тој.
Двете компании, „Модерна“ и „Фајзер“, ја почнаа последната фаза на клинички испитувања кон крајот на јули, а десетици илјади луѓе учествуваат во обете клинички испитувања.
„Модерна“ во четвртокот објави дека може да ги има првите привремени резултати од тестот следниот месец, а „Фајзер“, кој првично требаше да ги објави привремените резултати во октомври, сега го префрли тој рок за подоцнежен датум, најверојатно веднаш по претседателските избори во САД на 3 ноември.
Фаучи рече дека во пракса тоа би значело оти првите дози на вакцината треба да ги добијат лицата на кои им е најпотребна до крајот на декември или почетокот на јануари.
Тој сепак додаде дека дури и ако вакцината е ефикасна во заштитата од коронавирус, ќе мине долго време додека да зајакне имунитетот на национално и глобално ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.
Свет
Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра.
Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM.
За време на разговорот со читателите на весникот „Прованс“, Макрон го изрази своето незадоволство од младите жртви на дрога и луѓето што одат да набават дрога „како за забава“.
Тој нагласи дека секое лице што користи дрога мора да разбере дека придонесува за уништување на градовите и населбите.
Казната за корисниците на дрога беше воведена во 2020 година за да се олесни работата на судовите и да се префрли фокусот на борбата кон криминалните мрежи.
Оваа мерка се однесува на лица со максимум 10 грама кокаин или 100 грама канабис.
Претседателот на Франција, исто така, најави адаптација на борбата против мрежите за дрога, вклучително и следење на дилерите на социјалните мрежи, кои станаа нови места за трговија.
Тој повика на промена на европските правила за да се овозможи онлајн дилерите да бидат гонети, а мрежите да бидат повикани на одговорност.
„Нема да попуштиме, мора немилосрдно да притискаме“, рече Макрон, потврдувајќи дека целта е да се нападнат „шефовите на нарко мрежите“, вклучително и оние што работат од странство.
Макрон, исто така, ги истакна новите затвори со висок степен на безбедност со „апсолутно невидени нивоа на надзор“ и призна дека дилерите ќе продолжат да реагираат и да заплашуваат како што борбата се интензивира, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос
Свет
Руските граѓани му поставија над 1,6 милиони прашања на Путин за годишната емисија
Повеќе од 1,6 милиони прашања дојдоа од граѓаните на Руската Федерација за програмата „Преглед на годината со Владимир Путин“, која ќе се емитува на 19 декември во 12:00 часот по московско време, објавија денес руските медиуми.
Собирањето прашања за оваа емисија започна на 4 декември во 15:00 часот по московско време и ќе продолжи до крајот на програмата, објавува РИА Новости.
„Годишен преглед со Владимир Путин: примени се повеќе од 1,6 милиони прашања. Оваа година, како и во 2024 година, апликацијата GigaChat ќе ги транскрибира прашањата за директната линија“, објави Кремљ.
Во соопштението се наведува дека до денес се примени 702.000 телефонски повици, 327.000 прашања преку Max Messenger, 262.000 СМС пораки, 175.000 барања преку социјалните мрежи, 61.000 преку веб-страницата, 49.000 ММС пораки и 20.000 преку апликацијата, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

