Економија
Народната банка: Ги презедовме сите мерки за заштита на штедачите на „Еуростандард банка“
Во рамки на својот мандат и согласно со своите законски надлежности, Народната банка пред укинувањето на дозволата за работа на „Еуростандард банка“ ги презеде сите расположливи соодветни супервизорски мерки за заштита на интересот на доверителите. Народната банка вложи и огромни напори за сопствениците на „Еуростандард банка“ да го уплатат неопходниот капитал за опстанок на банката, што ќе беше најповолно решение за штедачите. Откако беше констатирано дека и од сопствениците, и од потенцијалниот инвеститор посочен од нив нема подготвеност за вложување на потребниот капитал за законито и сигурно работење на банката, единствениот начин да се заштити интересот на доверителите беше Народната банка да ја укине дозволата за работа на банката и до надлежниот суд да предложи отворање стечајна постапка. Ова се вели во соопштението на Народна банка по повод протестот на дел од штедачите во „Еуростандард банка“ АД Скопје – сега во стечај, со депозити над законски гарантираниот износ за обештетување од 30.000 евра или со депозити коишто не се предмет на обештетување од страна на Фондот за осигурување на депозити.
„Со укинувањето на дозволата на банката се активираше законскиот механизам за брзо обесштетување на осигурените депозити преку Фондот за осигурување на депозити, до законски гарантираниот максимален износ од 30.000 евра, а со отворањето на стечајната постапка, имотот на банката се стави на располагање на сите доверители. Во периодот од укинувањето на дозволата до започнување со работа на стечајниот управник, согласно со своите законски надлежности, Народната банка спроведе активности со кои го заштити имотот на ‘Еуростандард банка’, што е важно за спроведувањето на стечајната постапка во којашто се подмируваат побарувањата на доверителите.
Стечајната постапка којашто ја води стечајниот управник назначен од надлежниот суд, ја следи и контролира Одбор на доверители, којшто има законска можност да се заложи за ефикасноста на постапката. Во Одборот, чиишто членови согласно со Закон ги предлага стечајниот управник, може да членуваат и претставник/претставници на штедачите – физички лица со депозити над 30.000 евра, како и претставници на правните лица – депоненти. И стечајниот управник и Одборот на доверители треба да обезбедат што е можно побрзо и поефикасно спроведување на стечајната постапка, од што зависи и наплата на побарувањата на депонентите кои не се предмет на обесштетување преку Фондот за осигурување на депозити. Потсетуваме дека согласно со закон, Народната банка нема надлежности во спроведувањето на стечајната постапка“, се вели во соопштението.
Притоа се додава дека при поднесувањето кривична пријава до Јавното обвинителство, против поранешни одговорни лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје – сега во стечај, Народната банка предложи и преземање мерки коишто се во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите на банката.
„Потсетуваме дека за сите констатирани индиции за неправилности во работењето на ‘Еуростандард банка’ коишто се во надлежност на други институции, Народната банка уште пред одземањето на дозволата на банката има доставено соодветни известувања“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

