Свет
Нов Зеланд: Доморотка за првпат избрана за министерка за надворешни работи

Лабуристичката партија, предводена од премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која победи на општите избори на 17 октомври, за првпат избра родена Маварка на функцијата министер за надворешни работи.
Локални извори известуваат дека Нанаја Махута, која беше министерка за локална самоуправа и развој на Маврите во претходната владина коалиција, стана првата министерка за надворешни работи од народот Маври.
Махута за првпат беше избрана за пратеничка во 1996 година, кога стана првата членка од домородното население и ја претставува областа Те Таи Хауауру.
Махута на брадата има традиционална тетоважа на Маврите – „моко кауае“.
Речиси половина од новоизбраниот парламент на Нов Зеланд го сочинуваат жени пратенички.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Мерц разговараше со Нетанјаху: „Ги повика Израелците да бидат умерени“

Германскиот канцелар Фридрих Мерц разговараше по телефон со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. За време на разговорот, Мерц повика на умереност во кампањата на Израел против Иран, изјави извор од германската влада за Ројтерс.
Мерц ја изрази принципиелната поддршка на Германија за израелските воени напади врз иранската нуклеарна инфраструктура, но нагласи дека е важно да се бараат дипломатски решенија за конфликтот, рече изворот.
Германија планира да одржи нуклеарни разговори со своите европски партнери и иранскиот министер за надворешни работи во својата постојана мисија во Женева во среда, со цел да добие гаранции од Иран дека неговата нуклеарна програма се користи исклучиво за цивилни цели.
Свет
Извори: Трамп верува дека нема многу избор со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека е неопходно да се онеспособи нуклеарниот погон Фордо на Иран, објави „Си-би-ес Њуз“, повикувајќи се на повеќе извори.
Според овие извори, Трамп е свесен за ризиците и придобивките од евентуално бомбардирање на постројката и неговиот став е дека „нема многу избор“.
„Тој верува дека нема многу избор“, изјави еден извор за „Си-би-ес“. „Завршувањето на работата значи уништување на Фордоу“, додаде тој.
Како што претходно објавија американските медиуми, Трамп со денови ја разгледува евентуалната вмешаност на САД во ескалирачкиот конфликт. Во среда, тој им рече на новинарите дека сè уште не донел конечна одлука.
„Си-би-ес“ додава дека Трамп, според информациите од четврток наутро, сè уште разгледува опции и сè уште не донел цврста одлука.
Свет
Иранскиот министер за надворешни работи им порача на Израелците: Немојте да се приближувате до воени локации

Министерот за надворешни работи на Иран ги повика Израелците да избегнуваат да бидат во близина на „воени и разузнавачки локации“ додека Иран продолжува да извршува напади.
Абас Арагчи напиша на Икс дека иранската војска „прецизно“ елиминирала израелски штаб на команда, контрола и разузнавање и „уште една витална цел“. Тој истакна дека „ударниот бран“ предизвикал „површинска штета“ на блискиот медицински центар Сорока, за кој тврди дека лекувал повредени израелски војници во Газа.
Израел тврди дека Иран директно ја нападнал болницата, додека Иран вели дека нападнале команден центар во близина на медицинскиот центар. „Стотици невини Иранци се убиени ладнокрвно откако Израел ја започна својата нелегална војна против иранскиот народ минатата недела“, рече Арагчи.
„Нашите моќни вооружени сили ќе продолжат да напаѓаат криминалци кои го напаѓаат нашиот народ сè додека не престанат и не платат за нивната криминална агресија против нашата нација“, додаде тој.
Министерот за надворешни работи на Иран утре ќе отпатува во Женева, Швајцарија, за да се сретне со европските колеги на разговори. Дипломат за Си-ен-ен изјави дека разговорите ќе се фокусираат на „што може да се постигне“ за да се стави крај на конфликтот.