Црна хроника
Претрес во Кичево, пронајдена дрога
Полициски службеници од одделението за недозволена трговија при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево вчера ја лишиле од слобода М.Т.(22) од Кичево. При претрес во нејзиниот дом во Кичево, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле кафеава прашeста материја, повеќе шишенца со непозната течност, марихуана и други предмети. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.
Црна хроника
Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ во обид, „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, соопшти МВР.
Според информациите од полицијата, на 18 февруари 2026 година, во семејниот дом во Битола каде што живеат неговите деца, пријавениот со остри предмети ги нападнал неговиот 21-годишен син и неговата 16-годишна ќерка.
Следниот ден, на 19 февруари 2026 година, во Полициската станица Битола, за време на службен разговор, пријавениот оштетил дел од инвентарот и нападнал полициски службеници додека вршеле службени дејствија.
Црна хроника
Кумановец онлајн продавал бајонети и сабји – МВР го гони за неовластена трговија со културно наследство
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.Г. (48) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластена трговија со добра под привремена заштита, културно наследство и природна реткост“, соопшти МВР.
Според информациите од полицијата, пријавениот во текот на 2024 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист, купил бајонети, сабји, швајцарски целин за планинарење и фигура во облик на глава на лав, кои претставуваат добра под привремена заштита.
Како што наведуваат од МВР, тој потоа ги продавал предметите преку онлајн страница на социјална мрежа.

