Свет
(Видео) Терористите пукаат кон минувачи и кафулиња во Австрија
Најмалку четири лица беа убиени во терористички напад во Виена, а убиен е и еден од напаѓачите.
Пукањето во Виена се случи синоќа околу 20 часот, кога неколку напаѓачи отворија оган со автоматско оружје на шест локации низ Виена.
Неколку напаѓачи се во бегство, а властите веруваат дека имало најмногу четворица.
Полицијата соопшти дека добиле повеќе од 20.000 снимки поврзани со нападот. Бројни граѓани ги снимале нападите од нивните прозорци.
#ViennaAttack Moment of capture of terrorists.#صباح_الخير #صباح_الخير #تحديث_السناب pic.twitter.com/VF0fmWjomM
— Jane Carson (@JaneCarson919) November 3, 2020
Terror attack in #Vienna
This might be a coordinated wave from sleeping cells in europe #7NEWS #Trump #TheChase #ViennaAttack #viyana #OOstenrijk pic.twitter.com/Yg8uSq4TDJ pic.twitter.com/aHxUulkSWu— #freedomofjournalism (@freedomofjourn) November 3, 2020
This angle shows the suspect who gunned down the police officer before fleeing, shooting into a restaurant and disappearing down an alley. #ViennaAttack #religionofpeace pic.twitter.com/nqquqLugs1
— The Carping Infidel (@CarpingInfidel) November 2, 2020
Tw // antisemitism , mass shooting , terror attack
.
.
.
This happened in Vienna tonight,a shooting at a synagogue (aka Jews prayer house).
Talk about this! Share it!
This is sick and I’m honestly terrified,pls keep them in your prayers tonight!! pic.twitter.com/zRT4H9ZIF0— Yuv✡︎ ¹ᴰia cause sick?? (@yuvsgolden) November 2, 2020
We are deeply anguished & saddened by the fiendishly terror attack in Vienna. 5 people have lost their lives & more than 2 dozen are injured in the terror attack.@NSUIAndhra condemns #ViennaTerrorAttack & pray for swift recovery of injured & homage to the martyred souls. pic.twitter.com/DfYgG5iLB1
— NSUI Andhra Pradesh (@NSUIAndhra) November 3, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска
Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник.
Полицијата во саботата во 23 часот добила дојава дека ескплодирала непозната експлозивна направа. По увидот било утврдено дека се работи за рачна граната М-75.
„Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник“, се вели во полициското соопштение.
Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.
Европа
Снежната бура остави без струја околу 33.000 домаќинства во Франција
Околу 33.000 домаќинства останаа без струја вчера во Франција, главно во Нормандија и долж реката Лоара на запад, поради бурата Каетано што го зафати регионот, соопшти компанијата „Енедис“, која управува со електричната мрежа.
„Во 13 часот 33.000 домаќинства останаа без струја“, соопшти мрежата, додавајќи дека најпогодени домаќинства се во Нормандија (15.000 домаќинства) и околу реката Лоара (12.000 домаќинства).
Невремето предизвика прекини на многу сообраќајни правци, а влијаеше и на железничкиот сообраќај.
Мобилизирани се 2.200 техничари за да ги отстранат нарушувањата и да обезбедат електрична енергија, по налетот на бурата што предизвика врнежи од снег и брзина на ветер до 130 километри на час.
Свет
Близу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на Канцеларијата за човекови права.
УНРВА соопшти дека во нападите на израелските сили продолжуваат да се уништуваат станбени згради во опколената палестинска енклава, со што се зголемува бројот на цивилни жртви, пренесува Ал Џезира.
Исто така, се вели дека 90 отсто од населението, околу 1,9 милиони луѓе се внатрешно раселени и дека многу од нив морале да се преселат 10 или повеќе пати, бегајќи од израелските напади.