Македонија
24 починати и 913 новозаразени од Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.731 тестирање, а регистрирани се 913 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-459, Куманово-25, Штип-18, Прилеп-78, Тетово-44, Струга-11, Велес-79, Битола-33, Охрид-37, Кавадарци-24, Гостивар-9, Гевгелија-3, Струмица-26, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Крушево-3, Кочани-8, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-2, Виница-4, Делчево-10, Кратово-5, Свети Николе-9, Кичево-5, Ресен-2, Неготино-5 и еден во Дебар.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 421 оздравен пациент, и тоа од: Скопје-199, Куманово-18, Штип-15, Прилеп-25, Тетово-25, Струга-6, Велес-11, Битола-7, Охрид-14, Кавадарци-15, Гостивар-11, Гевгелија-16, Струмица-26, Радовиш-5, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-4, Свети Николе-7, Кичево-7, Неготино-4 и еден од Валандово.
Починати се 24 лица – двајца пациенти од Скопје (77 и 67 години), еден од Куманово (59), четворица пациенти од Прилеп (70, 61, 79 и 45 години), тројца од Велес (82, 78 и 82 години), двајца од Битола (80 и 62 години), тројца пациенти од Охрид (67, 64 и 68 години), двајца од Гостивар (66 и 68 години), шест пациенти од Струмица (75, 64, 75, 60, 37 и 61 година) и еден пациент од Пробиштип (69).
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 33.908, бројката на оздравени пациенти е 21.665, на починати е 1.049, а бројот на активни случаи изнесува 11.194.
Денеска се регистрираат два контролни теста од вчера, а според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот статистиката по градови е следна:
• Скопје 14.735, активни 5.304
• Куманово 2.391, активни 473
• Дебар 347, активни 55
• Штип 1.746, активни 309
• Прилеп 1.520, активни 615
• Тетово 2.374, активни 653
• Струга 848, активни 115
• Велес 924, активни 505
• Битола 774, активни 324
• Охрид 773, активни 278
• Кавадарци 571, активни 248
• Гостивар 1.277, активни 251
• Гевгелија 419, активни 187 (21 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 69 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1.038, активни 564
• Крива Паланка 255, активни 103
• Радовиш 254, активни 88
• Крушево 35, активни 13
• Кочани 758, активни 230
• Пробиштип 214, активни 71
• Демир Хисар 87, активни 20
• Македонски Брод 106, активни 9
• Пехчево 60, активни 8
• Берово 221, активни 53
• Валандово 112, активни 40
• Виница 194, активни 77
• Делчево 273, активни 118 (68 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 67, активни 37
• Свети Николе 503, активни 93
• Кичево 600, активни 188
• Ресен 256, активни 71
• Неготино 176, активни 94 (19 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2.731 тест се преку: ИЈЗ – 700, ЦЈЗ Скопје – 77, „Авицена“ – 472, „Биотек“ – 417, МАНУ – 280, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 380, „Систина“ со PCR-метода – 143, лабораторија „Лаор“ – 65, Судска медицина – 29, ЦЈЗ Битола – 55, Инфективна клиника – 9, „Синлаб“ – 66 и „Ремедика“ – 38. Досега во земјата се направени вкупно 255.904 тестирања на Ковид-19.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 7, а вкупно хоспитализирани се 160 пациенти. Од нив на кислородна поддршка се 130 пациенти, но нема лица приклучени на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 позитивни и 2 суспектни деца на Ковид-19 и 23 возрасни пациенти позитивни на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се тројца од нив.
Во Институтот за ТБЦ хоспитализирани се 23 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 66, а во болницата во Штип – 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и во Кавадарци хоспитализирани се 376 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Статистиката на активни случаи во скопските општини денеска е следна:
• Чаир – 285
• Гази Баба – 679
• Аеродром – 894
• Карпош – 774
• Центар – 714
• Кисела Вода – 676
• Ѓорче Петров – 433
• Бутел – 287
• Шуто Оризари – 62
• Студеничани – 22
• Сарај – 41
• Арачиново -13
• Илинден – 127
• Сопиште – 46
• Чучер Сандево – 30
• Петровец – 41
• Зелениково -20
• Странец – 57
• Нераспределен – 103
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
УЈП најави привремен прекин на електронските услуги од 16 часот
Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека денеска, 30.12.2025 година, со почеток од 16:00 часот, ќе има привремен прекин во функционирањето на електронските услуги кои Управата (УЈП) ги нуди кон даночните обврзници.
Се очекува прекинот да трае до доцните попладневни часови, по што услугите повторно ќе бидат достапни.
Управата за јавни приходи ги замолува даночните обврзници за разбирање.
Македонија
Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство
Владата на денешната редовна 140 седница го усвои Законот за јавно обвинителство, како еден од клучните чекори во спроведувањето на реформската агенда од Областа 5 – Фундаментални вредности, со посебен фокус на владеењето на правото.
„Донесувањето на овој закон претставува значаен исчекор во зајакнувањето на независноста, ефикасноста и отчетноста на јавното обвинителство, како столб на правниот систем и гарант за заштита на јавниот интерес. Законот е резултат на сеопфатен процес на анализа, консултации и усогласување со европските стандарди и најдобрите меѓународни практики“, се наведува во соопштението од Владата.
Од таму појаснуваат дека со новото законско решение се воведуваат измени во постапката за избор на Јавен обвинител на Република Северна Македонија, со јасно дефинирани критериуми и механизми кои обезбедуваат транспарентен, инклузивен и мерит-системски пристап при изборот на најквалитетните кандидати. Во законот се вградени релевантните препораки, со цел процесот да биде ослободен од политички влијанија и заснован исклучиво на стручност, интегритет и професионален кредибилитет.
Дополнително, законот предвидува прецизни и обврзувачки рокови за постапките за избор, унапредување и се воведува принцип на категоризација на дисциплинска одговорност на јавните обвинители, што придонесува за поголема правна сигурност, предвидливост и функционалност на системот, а воедно и поголема одговорност на самите јавни обвинители. На овој начин се зајакнува довербата на граѓаните во институциите и се воспоставува појасна одговорност во работењето на обвинителството.
„Владата останува цврсто посветена на реформите во правосудството како приоритет од највисок јавен интерес и како неопходен предуслов за напредокот на државата на европскиот пат. Усвојувањето на Законот за јавно обвинителство е конкретен доказ за определбата да се градат силни, независни и професионални институции, во служба на граѓаните и владеењето на правото“, се наведува во соопштението.
Македонија
Лимани: Нашиот пристап кон развојот на Гостивар е планиран, еднаков и инклузивен
Кандидатот за градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, кажа дека нивниот пристап кон развојот на градот е планиран, еднаков и инклузивен. Тој денеска на прес – конференција презнетираше дел од проектите од неговата изборна кампања.
„Еден од најважните проекти е изградбата на новиот мост над реката Вардар, наречен „Мост на слогата“. Сите административни и правни постапки за овој проект се завршени и напролет започнуваат градежните работи. Мостот ќе има четири сообраќајни ленти, велосипедски патеки и безбедни тротоари за пешаци. Тој ќе ги поврзе градските населби, ќе го олесни сообраќајот и ќе даде реален поттик за економскиот развој на Гостивар“, рече Лимани.
Паралелно, додаде тој, го започнавме и трансформирањето на главниот булевар на градот.
„Тој веќе е завршен до близина на Домот на културата, во должина од 1.657 метри, со четири функционални сообраќајни ленти. Исто така, постигнавме договор со сопственикот на еден од објектите што го попречуваше проширувањето на коловозот, конкретно објектот меѓу општинската зграда и постојниот мост над реката Вардар. Проектот е изготвен и напролет започнува реализацијата на работите за овој дел од Булеварот. Во тек се интензивни разговори и со сопствениците на објектите во другиот дел од Булеварот, од крстосницата на улица ЈНА со крстосницата кон Градската болница. Разговорите се конструктивни, со меѓусебна доверба, и очекуваме договорите да се финализираат во краток рок. Булеварот ќе се претвори во урбано срце на Гостивар, со модерно осветлување, велосипедски патеки и зелени површини за граѓаните. Тој ќе биде функционален и социјален простор, каде што градот се развива заедно со неговите жители. Нашиот пристап кон развојот е планиран, еднаков и инклузивен. Секој граѓанин, во секоја населба и во секое село, ќе биде дел од оваа трансформација. Ви благодарам за вашата доверба. Со визија, работа и одговорност, ќе продолжиме да градиме посилен и помодерен Гостивар – со Гостивар во срцето’, рече Лимани.
На 11 јануари во четири општини: Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа ќе се одржат локални избори, затоа што на изборите што се одржаа во октомври не беше постигнат минималниот процент на излезеност на првиот круг односно помалку од законскиот минимум од 33,33 отсто.

