Македонија
Ковачев: Во Бугарија има целосен договор – не можеме да ги поддржиме манипулациите и лагите на Скопје

Ние сакаме полноправно членство во Европската Унија за сите земји од Западен Балкан, ова беше главната работа во нашето претседателство, рече бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.
„Во однос на Република Северна Македонија, верувам дека не е европски да се поддржуваат манипулациите и лагите. Ние мора да ја надминеме омразата што беше изградена за време на тоталитарниот режим. Нормално е да се бара да се надмине антибугарската реторика, особено во последните неколку недели. Тие треба да имаат храброст да го сторат ова, не затоа што тоа е бугарска позиција, туку затоа што одговара на историската вистина“, рече Ковачев за бТВ, пренесува „Бгнес“.
Според Ковачев, надворешните фактори, како што се Белград и Москва, како и пројугословенската елита со носталгија кон Тито, не дозволуваат Бугарија да биде најблиску до Северна Македонија и двете земји да имаат односи како Германија и Австрија, Грција и Кипар, Романија и Молдавија.
Според истражувањето на „Алфа Рисрч“, 84% од Бугарите велат дека треба да има разговори за членство на Северна Македонија во ЕУ, но само кога земјата ќе ги надминела историските манипулации и ќе се постигнел договор за фактите од историското минато на Бугарија. Истражувањето покажало дека 10,2% од Бугарите сметаат дека Бугарија треба да ја поддржи РС Македонија за ЕУ, без оглед на нејзиниот однос кон фактите за историското минато на Бугарија.
„Има огромна консолидација во бугарското општество, без оглед на партиската припадност на народот“, вели Ковачев.
Тој вели дека од 2017 година Бугарија постојано ја предупредувала Република Северна Македонија дека проблемите мора да се решат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.
Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.