Забава
Предупредување за Меган Маркл: Нов доказ во судскиот спор може да промени сè
Меган Маркл е предупредена дека нов доказ во судскиот спор против нејзиниот татко Томас Маркл и весникот „Мејл он сандеј“ може сериозно да ја смени иднината на постапката.
Меган е пред голем напредок во нејзината долга правна битка против „Асошиејтед њузпејперс“ издавач на таблоидот, според кралските коментатори. На војвотката од Сасекс, наводно, ѝ е одобрена молбата за скратена пресуда, што значи дека нејзиниот случај ќе биде ставен на тест дали може да се сослуша на скратено рочиште.
Домаќините на поткастот „ИТВ Ројал рот“ Крис Шип и Лизи Робинсон разговараа за тоа како овој развој на настаните може да промени многу во судскиот процес.
„Ако има скратено рочиште, тоа ќе значи дека нема да има судење воопшто. Ова значи дека фактите на законот ќе бидат изнесени пред судијата и нема да има сведоци“, рече кралскиот коментатор.
„Анонимните пријатели на Меган нема да бидат повикани. Ниту Меган и принцот Хари нема да бидат таму, рече коментаторот. „Тука го гледам главниот аргумент што Сасекси го предочија пред судијата Кеј во Високиот суд вчера.“
Тој продолжи: „Сè беше направено виртуелно, само судијата Кеј седеше во судот. Новинарите што го следат процесот, како и адвокатите на обете страни, сите беа виртуелно повикани.“
Војвотката го тужи „Асошиејтед њузпејперс“, издавачот на „Мејл он сандеј“, за нарушување на нејзината приватност со објавување на приватно и доверливо писмо до нејзиниот татко.
Таа поднесе тужба против британскиот таблоид за статија во која се објавени делови од рачно напишано писмо кое таа му го испратила на нејзиниот отуѓен татко Томас Маркл во август 2018 година.
Во своја одбрана, весникот тврди дека го објавил писмото во февруари 2019 година, откако петмина пријатели на Меган дале анонимни интервјуа за американскиот магазин „Пипл “.
Таа беше децидна дека не ги овластила своите пријатели да зборуваат со „Пипл“ и дека „Мејл он сандеј“ сакал да ги именува за да го искористи правниот спор за комерцијални причини
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„На кој нормален човек би му текнало да се фотографира вака?“: Ким Кардашијан на удар на критики
Ким Кардашијан се најде на удар на критики откако позираше во атрактивно издание носејќи крст околу вратот.
Таа сними реклама за новата колекција на нејзиниот бренд Skims во соработка со Dolce & Gabbana. Носеше градник и боксерки кои ги спушти надолу. Следеа бројни негативни коментари.
„Ова е навистина непримерно“, „На кој нормален човек би му текнало да се фотографира вака?“, „Ја навредувате религијата. Невкусно е“, „Зошто секогаш носи крст кога е полугола?“, се некои од нив.
Забава
Тори Спелинг објави фотографии во бикини: „Покажав друга страна од себе“
Актерката и реалити ѕвезда Тори Спелинг на својот Инстаграм профил сподели носталгични моменти од минатото. Имено, таа објави стари фотографии кои се направени во октомври 2000 година, кога позирала за насловната страница на магазинот „Stuff“.
На една од фотографиите таа носи виолетово бикини, а објави и неколку други страници од тоа издание на магазинот, на кои исто така позира во различни костими за капење.
Во описот на објавата, Тори напиша: „Сакав да покажам дека добрата девојка, позната како Дона Мартин, сепак може да биде личност која го заснова својот живот на верата, семејството, добрината, моралните вредности, силата и промисленоста, но и поседува привлечност, прифатив сопствен стил и покажав поинаква страна од себе“.
Таа, исто така, објави страница од списанието на која е вклучено и нејзиното интервју, во кое зборува за нејзината кариера, предизвикувачките улоги и за нејзината витка фигура.
Забава
Ексклузивното музичко кабаре шоу „Нина“ на 15 февруари во Скопје – Љубов, љубомора, криминал и покајание
„Животот е ништо повеќе од шаховска партија. Таа секогаш се гледаше себеси како пион, сè додека судбината не ѝ понуди шанса да ја одигра играта како кралица.“
Денот на вљубените добива нова димензија кога на 15 февруари 2025, „Македонската опера и балет“, ќе блесне во светлината на ексклузивното музичко кабаре шоу „НИНА“ – спектакуларен перформанс, што го носи духот на Бродвеј и магијата на џез ерата директно во срцето на Скопје.
Фасцинантна приказна за обична девојка, која се соочува со избор – да продолжи да игра според правилата и да се бори со тешкотиите што животот ѝ ги наметнува или да и се спротивстави на судбината и да ја земе контролата во свои раце, по секоја цена. Љубов, љубомора, криминал, покајание – сето ова и многу повеќе ќе го видите во шоуто „НИНА“.
Гледачите ќе бидат маѓепсани од неочекуваните пресврти во приказната, детективските истраги, љубовните приказни и блескавите слики од холивудскиот живот. Шоуто ќе ве транспортира во гламурозната атмосфера на Бродвеј Кабаре, со сите негови раскошни костими, извонредна музика и стилски танцови изведби.
„НИНА“ е спектакл од големи размери и извонредно импресивно шоу од секој аспект. Благодарение на напорите на меѓународен тим професионалци, создадовме двокатна сцена со внатрешни лавиринти, обложена со големи ЛЕД екрани кои емитуваат специјално изработена видео содржина. Сценографијата што ќе ја сведочат гледачите е толку реалистична што во еден момент ќе ги почувствуваат ладните ветришта од затворската ќелија, во друг ќе се најдат како гости на најгласната свадба, а во третиот ќе ја почувствуваат удобноста на едно елегантно кабаре.
Кореографијата во шоуто „НИНА“ ќе ги изненади дури и најпребирливите гледачи со своите енергични групни точки, нежни дуети и акробации. Овој спектакл е вистински празник за сетилата, кој ќе ве држи во неизвесност од првата минута и нема да ве пушти до самиот крај!