Свет
Шведските демократи сакаат да ги затворат џамиите кои поддржуваат тероризам

Среде бранот исламски тероризам што ја зафати Европа, лидерот на националконзервативните шведски демократи, Јиме Акесон, повика на повлекување на парите за грантови, затворање на џамиите кои го поддржуваат теророт и на одземање на шведското државјанство на инволвираните секогаш кога е тоа можно, пренесува „Спутник“.
По исламистичкиот терористички напад во Виена, Акесон побара остри мерки против исламистите кои изразуваат екстремни ставови во Шведска.
Во видео што го објави на социјалните мрежи тој изрази жалење за неодамнешниот терористички акт, но повика на присилна акција против исламизмот. Акесон истакна дека неговата партија уште пред една деценија предупреди дека исламот е најголема закана за демократијата.
„За жал, реалноста покажува дека бевме во право. Уште еден исламистички терористички напад во Европа. Уште повеќе невини луѓе ги загубија своите животи“, рече тој.
Долгогодишниот лидер на Шведските демократи тврди дека не станува збор за неколку луди луѓе, туку за добро организирани екстремисти.
„Тоа е војна со низок интензитет против нашата демократија, против нашата слобода на изразување. Војна против сè што сме и сè за што се залагаме во нашиот дел од светот“, истакна Акесон.
„Ова не е време за тага и прошка. Време е да се биде одлучен. Да се покаже акција. Ако исламистите не можат да ја прифатат нашата демократија, тогаш и нашата демократија не смее да ги прифати исламистите. Во тој момент, не можеме да отстапиме ниту еден сантиметар “.
Акeсон упати остри критики кон оние кои се обидуваат со разбирање да пристапат кон исламизмот или да избегнат конфликт.
„Тоа е обично соучесништво“, посочи тој.
За да се спротивстави на овој неповолен развој, Акесон побара да се изврши притисок врз организациите и поединците кои го поддржуваат тероризмот, повторувајќи го барањето на Шведските демократи за повлекување на државјанството.
„На поединци или организации, како што се училишта или џамии, кои дури и им даваат поддршка на овие исламисти, треба да им се ограничат државните субвенции, тие треба веднаш да бидат затворени. Оние што нè напаѓаат и ни се закануваат мора да бидат затворени. И треба да бидат вратени назад од каде што дошле. Ако не сакаат да бидат дел од нашата шведска демократија и нашето цивилизирано општество, не треба да имаат ниту шведски пасош“, заклучи Акесон.
Предводени од Јиме Акесон од 2005 година, националконзервативните Шведски демократи се најголемата опозициска партија во земјата. Тие го отфрлаат мултикултурализмот, се залагаат за поостри имиграциски политики и се против понатамошно отстапувањето на суверенитетот на ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Политико“: ЕУ го одложува воведувањето на 19 пакет-санкции против Русија

Европската комисија (ЕК) нема да воведе нов пакет санкции против Русија во среда, како што се очекуваше, објавувањето е одложено на неодредено време, објавува „Политико“, повикувајќи се на европски дипломат и функционер на една од земјите на блокот.
Според нив, објавувањето на 19 пакет санкции „веќе не се очекува во среда“, а ЕК не прецизирала нови можни датуми за официјално презентирање на новите санкции, според бриселскиот портал.
„Политико“ пишува дека одложувањето е последица на поместувањето на фокусот на ЕУ од воведување нови санкции против Русија кон вршење притисок врз Словачка и Унгарија за „намалување на нивната зависност од руската нафта“, објавува Танјуг.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да воведе строги санкции против Русија доколку сите членки на Северноатлантската алијанса дејствуваат заедно и престанат да купуваат руска нафта.
Тој истакна дека фактот што некои сојузници на НАТО континуирано увезуваат енергетски ресурси од Русија „ја ослабува преговарачката позиција на алијансата“.
Свет
Велика Британија испраќа „тајфуни“ во Полска

Велика Британија ќе распореди ловци „еврофајтер тајфун“ за патролирање на полскиот воздушен простор откога Варшава ја обвини Русија за масовни кршења на границите со беспилотни летала, објави во понеделникот британскиот премиер, Кир Стармер.
Во наредните денови овие авиони ќе им се придружат на француските „рафали“, на германските „еврофајтери“ и на данските „Ф-16“ како дел од операцијата на НАТО – „Источен стражар“, објави британската влада. Патролите ќе полетаат од базата Конингсби во источниот дел на Англија, поддржани од танкерот „Војаџер“ за полнење гориво во воздух, а нивната задача е да ги следат наводните закани од воздухопловството од Русија, вклучително и беспилотните летала.
„Овие авиони не се само демонстрација на сила, туку и клучен фактор во одвраќањето на агресијата, обезбедувањето на воздушниот простор на НАТО и заштитата на националната безбедност, како и безбедноста на сојузниците“, рече Стармер обвинувајќи ја Русија за неодговорно однесување на источното крило на алијансата.
Чешката Република веќе испрати три хеликоптери во Полска, а Шпанија, Италија и Шведска ветија дополнителна поддршка. Полската војска тврди дека најмалку 19 руски беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор на 9 септември, но Москва го негира ова. Според „Ројтерс“, полски воен извор вели дека беспилотните летала се користат за совладување на украинската воздушна одбрана.
Рускиот претставник во ОН, Василиј Небензја, минатата недела во Советот за безбедност ги оцени овие обвинувања како неосновани.
Во вторник Русија и Белорусија ќе ја завршат заедничката воена вежба „Запад 2025“, во која учествуваат речиси 13.000 војници. Москва и Минск ги отфрлаат западните тврдења дека ова е проба за инвазија оценувајќи ги како хистерија.
Минатиот месец Полска ги почна своите маневри „Железен бранител 25“, во кои учествуваат речиси 30.000 војници вклучувајќи ги и силите на другите членки на НАТО.
Фото: принтскрин
Свет
Рубио: Трамп е единствениот лидер што може да разговара со Русија, Украина и со Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, објави американскиот државен секретар, Марко Рубио.
Според американските медиуми, Рубио нагласил дека Трамп е единствениот лидер во светот што има капацитет да разговара со Украина и со Европа, како и со Русија. Тој додаде дека американскиот претседател ќе продолжи со своите напори за наоѓање решение за украинскиот конфликт.
Во исто време, дипломатските контакти меѓу Москва и Вашингтон продолжуваат на разни нивоа.
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, претходно изјави дека двете страни ќе се обидат да организираат уште еден состанок до крајот на есента за да разговараат за отворените и за спорните прашања во билатералните односи.
Фото: принтскрин