Свет
ОБСЕ: Антипандемиските мерки ги збунија гласачите во САД
Мерките преземени од американските власти за време на изборната кампања поради пандемијата на коронавирус предизвикаа долги судски процеси и збунети гласачи, се наведува во изјавата на Меѓународната мисија за набудување на изборите на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на Организацијата за безбедноста и соработката во Европа (ОБСЕ), објавена во средата.
„Пандемијата на Ковид-19 не само што претстави бројни предизвици за организацијата на изборите, туку и значително влијаеше на спроведувањето и содржината на кампањата“, се вели во документот.
Мисијата истакна дека „пандемијата на Ковид-19 доведе до мноштво амандмани на државно ниво кои ќе овозможат одржување на изборите со истовремена заштита на здравјето на гласачите и службениците на изборната администрација.
Значителен дел од овие мерки беа оспорени пред судовите, претежно од страна на Републиканската партија, што резултираше со долготрајни спорови со кои се бараше одржување на претходните договори. Ова, за возврат, произведе голема правна несигурност дури и во деновите пред изборите .
ОБСЕ нагласи дека се поднесени над 400 тужби во 44 држави во врска со изборите, што е преседан во САД.
„Имаше невиден обем на парници во врска со процесите на гласање во месеците пред изборите, со повеќе од 400 тужби поднесени во 44 држави, некои сè уште пред судовите, неколку дена пред изборите. Правната несигурност предизвикана од овој процес стави огромен товар на некои гласачи кои сакаат да гласаат и на службеници на изборната администрација“, рече мисијата.
Дополнително, според нивното мислење, правилата за регистрација и идентификација на гласачите во САД создаваат неоправдани пречки за некои категории на население при гласањето.
„Правилата за регистрација и идентификација на гласачите во некои држави се непотребно ограничувачки за одредени групи граѓани“, се посочува во документот.
Мисијата додаде дека „околу 5,2 милиони граѓани се обесправени поради кривична пресуда, а многу од нив веќе ја издржале казната“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

