Црна хроника
Приведени дилери на дрога од Албанија, запленета марихуана

Вчера од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар, на улицата „Боге Велјановски“ во Гостивар бил извршен преглед кај двајца албански државјани, при што била пронајдена торба со два килограми марихуана. При обид за нивно легитимирање, албанските државјани физички ги нападнале полициски службеници, спречувајќи ги во вршење на службени дејства. Од страна на полициските службеници бил приведен С.Џ.(21) од Пешкопеја, Албанија, додека М.А.(19), исто така од Албанија, побегнал.
Во соработка со СВР Тетово и СВР Охрид бил пронајден и лишен од слобода и М.А., а дополнително била пронајдена уште една полиетиленска ќеса со марихуана.По целосно документирање на случајот против двајцата ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведени две лица при претрес во Пробиштип

Синоќа во 19.50 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип ги лишиле од слобода Ј.Ј.(39) и П.Ј.(68), двајцата од Пробиштип.
При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, куршуми со калибар 7,62 мм и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Татко со двајцата синови натепал маж во Батинци, едниот го удирал со камен додека лежел на земја

Скопското Обвинителство отвори истрага за татко и неговиот 18-годишен син, осомничени за насилство. Поведена е постапка и против вториот син на возраст од 15 години во согласност со Законот за правда за децата.
Таткото на возраст од 41 година, заедно со синовите од кои едниот на возраст од 18 години, а другиот 15-годишно дете, дошле пред семејната куќа на еден оштетен во селото Батинци и започнале да му се закануваат, поради претходна расправија на оштетениот со детето. Во еден момент, почнале да го удираат со клоци и тупаници по главата и целото тело, од кои удари оштетениот паднал на земја. Додека лежел на земјата, детето го удирало и со камен, па оштетениот се здобил со тешки телесни повреди – фрактури и други тешки повреди во главата и телото.
Сопругата на оштетениот паднала врз него за да го заштити од дополнителни удари, а притрчале и нивните деца и соседите. Со дејствијата на насилство, малтретирање, грубо навредување и загрозување на сигурноста, осомничените предизвикале чувство на несигурност и страв и кај членовите на семејството на оштетениот и во јавноста, соопшти Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за полнолетните сторители.
Црна хроника
Дивеење меѓу повеќе лица во Драчево: се удирале со предмети, скршиле прозорец од куќа и автомобил

Приведени се четворица скопјани на возсраст од 19 до 58 години поради насилство во Драчево.
Се работи за лицата А.К.(31), М.К.(19), Д.К.(52), М.К.(22) и М.К.(58) кои по расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која биле употребени остар предмет и тврди предмети, а оштетени биле и прозорци од куќа и од патничко возило, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.