Македонија
„Политико“: Бугарските насилни тактики функционираат во подземјето, но не и во ЕУ
Бугарските насилни тактики може да функцинираат во решавањето на проблемите во подземјето на Софија, но се чинат како крајно несоодветни на ниво на ЕУ, пишува „Политико“ повикувајќи се на дипломат од Европската Унија.
Во текстот се наведува дека ако Бугарија, изолирана како што е досега, продолжи со својот бекомпромисен став, ќе ја загуби добрата волја на земјите членки.
„Амбасадорите на земјите членки на ЕУ во петокот не успеаја да го надминат ќор-сокакот и не ја убедија Бугарија да отстапи. Тоа предизвика зголемување на фрустрациите меѓу европските дипломати, кои велат дека Софија ја задржува мошне важната агенда на ЕУ за проширување со целосно внатрешен проблем, кој треба да биде решен на билатерално ниво со Северна Македонија“, пишува „Политико“.
Во написот на „Политико“ се додава дека Бугарија ја информирала ЕК оти не може да ја прифати понудената преговарачка рамка за отворање на преговорите со Северна Македонија.
„Тоа ја нарушува целта на германското претседателство со ЕУ за продолжување на процесот на проширување оваа година. Бугарија и Северна Македонија имаат спор за историјата и јазикот, при што Софија бара од Скопје да признае дека македонската нација и македонскиот јазик имаат бугарски корени, како и да се откаже од тврдењата дека има македонско малцинство во Бугарија“, додава весникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

