Црна хроника
Истрага зa Арачиновец поради криумчарење мигранти

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе nаредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен жител на Арачиново. Тој е осомничен дека како соизвршител сторило кривично дело криумчарење мигранти, предвидено и казниво по член 418-б став 4 во врска со став 2 од Кривичниот законик.
Осомничениот заедно со непознато лице, по претходен договор, во возило „опел-зафира“, во доцните ноќни часови, прифатиле десетмина мигранти од Авганистан, кои илегално влегле на територијата на нашата држава. Петмина од мигрантите биле малолетни лица од 14 и 15 години. Откако ги сместиле во возилото, осомничениот и непознатото лице кое го управувало возилото, по регионалниот пат ПЕ 1102, се упатиле кон границата со Србија.
Во близина на фабриката „ХИФ“ – Велес, во правец Градско – Велес на светлосната сигнализација од полициските службеници не застанале, туку со брзина поголема од 100 километри на час продолжиле да се движат.На околу 300 метри оддалеченост одеднаш го сопреле возилото и се дале во бегство. Полициските службеници во напуштеното возило ги пронашле мигрантите, а по извршената претрага на теренот бил пронајден и лишен од слобода и осомничениот.На предлог на обвинителството судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје,му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
21-годишно момче загина а две лица се тешко повредени во сообраќајка кај Градско

Денеска (28.08.2025) околу 00:10 часот во СВР Велес, е пријавено дека на локалниот пат с.Горно Чичево-с.Долно Чичево, општина Градско, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки управувано од П.А.(22) од Градско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21), Б.П.(20) сите од Градско и Х.Л.(22) од с.Ногаевци, општина Градско, констатирани во Општата болница Велес.
Од здобиените повреди починал Љ.О., а од страна на лекар констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Црна хроника
Маж од Австралија пронајден починат во хотелска соба во Битола

На 27.08.2025 во СВР Битола, било пријавено дека во хотелска соба во Битола бил пронајден починат С.С.(69) од Австралија.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
Топ
Битолчанец се удавил во водите на Охридското езеро

Вчера во 12.55 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро бил пронајден починат В.Т.(49) од Битола.
Од страна на лекар констатирана била смрт како последица на давење во вода.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга, а по наредба на Јавен обвинител по извршената обдукција телото е предадено на семејството.