Македонија
(Видео) Митрески: Поднесуваме законски измени за задолжително пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж
„Пратеници на СДСМ во собраниска процедура го доставија предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, кој предвидува задолжително пензионирање на 64 години возраст и 15 години пензиски стаж. На овој начин создаваме услови за намалување на вработените во државната администрација и во јавниот сектор, но и отвораме простор за вработувања млади кадри, кои може да дадат значаен придонес во унапредување на работниот процес. Со ова реализираме уште едно клучно ветување дадено пред граѓаните, отвораме нови можности за младите“, изјави Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата.
Во собраниска процедура заедно со предлог-законот за измени и дополнување на Законот за работните односи го доставуваме и предлог-законот за измена на Законот за администрацијата, со што целосно ќе бидат опфатени сите вработени во државниот и приватниот сектор.
„Со цел да се обезбеди одреден преоден период, сите оние што до 31 август 2020 година поднеле барање за продолжување на договорот за вработување, предвидуваме нивниот договор да важи до истекот на времето за кое е предложен, односно до исполнување на рокот даден со претходното барање. Поради недостиг на одредени стручни кадри и потребата од ефикасно продолжување на работниот процес, исклучок од правилото за пензионирање на 64 години возраст и 15 години пензиски стаж ќе има во секторите здравство и кај високото образование, каде што работниот стаж ќе може да се продолжува година за година, но најмногу до 67 години возраст.
Во согласност со предложените измени во Законот за здравствената заштита, заради непречено вршење на здравствената дејност, директорот на здравствената установа по претходна согласност на здравствениот работник, односно соработник, еднаш годишно донесува одлука за продолжување на договорот за вработување на здравствениот работник или соработник кој ги исполнил условите за стекнување старосна пензија најмногу до 67 години возраст. Но, оваа одлука задолжително ќе мора да ја потврди и министерот за здравство. Во Законот за високото образование предвидуваме дека на лице избрано во наставно-научно звање или наставно звање по негово барање и заради непречено вршење на дејноста на високообразовната установа, работодавецот еднаш годишно може да му го продолжи договорот за вработување до завршување на учебната година во која ги исполнува условите за стекнување старосна пензија или најмногу до завршување на учебната година во која полни 67 години возраст. Како одговорна партија, како одговорни пратеници, продолжуваме со вистинска грижа за сите граѓани, продолжуваме со создавање мерки и политики што го унапредуваат квалитетот на животот“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

