Забава
Лични предмети и други сувенири на Ед Ширан собрaa 890.000 долари за добротворни цели
Ед Ширан помогна да се соберат 500.000 фунти (890.000 американски долари) за добротворни цели.
Над 220 предмети што му припаѓале на пејачот и други спомени се наведени на продажба како дел од аукцијата: Ed Sheeran: Made in Suffolk Legacy Auction.
Покрај донацијата од 100.000 фунти за добротворната организација, собрани се огромни 500.000 фунти. Парите ќе ги користат деца и млади со инвалидитет и тешки болести низ Источна Англија.
Најголем хит беше слика нацртана од Ед, која се продаде за 40.000 фунти, како и рачно напишан текст на песната Perfect, кој се продаде за 23.500 фунти.
Другите најпопуларни понуди вклучуваа уметнички принт од Демиен Хирст, кој се продаде за 20.000 фунти, страница од сценариото на „Всушност, љубов“ (Love Actually) за 17 000 фунти, и „ПРС Силвер скај“ гитарата на Џон Мајер за 5.100 фунти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Една од најубавите жени во светот го поддржа својот сопруг во секси облека
Актерката Ева Мендес е во врска со актерот Рајан Гослинг од 2011 година, со кого тајно се омажи во 2022 година, а денес тие се сметаат за еден од најхармоничните познати парови кои изградиле многу стабилен семеен живот.
Познато е дека убавата Ева е меѓу најголемите обожаватели на својот сопруг до ден-денес, а тоа го докажа со објавување на серија црно-бели фотографии на Денот на вљубените на кои позира во кревет, облечена само во маица.
И не е било каква маица, туку една со ликот на Рајан Гослинг, а со овој гест го поддржа неговиот најнов филм „Project Hail Mary“.
Маицата е неколку броеви поголема, но дури и во неа Ева Мендес изгледа неверојатно секси, па, како што се очекуваше, на Инстаграм следеше лавина од комплименти.
И не е прв пат таа да го поддржи својот сопруг на овој начин, бидејќи ова е убава традиција за познатиот пар – да се поддржуваат еден со друг на овој начин – со одбрани маички.
Забава
(Фото/Видео) Ќерката на Синди Крафорд остава без зборови во „гол“ фустан
Моделот Каја Гербер, ќерка на познатата мајка Синди Крафорд, се појави на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Independent Spirit“ во смел фустан во кој изгледаше божествено, докажувајќи дека е свесна за модата и е вистинско олицетворение на еден од најбараните модели на сите времиња.
@voguespain #KaiaGerber y la demostración de que un vestido con transparencias puede ser el look más sofisticado. La modelo y actriz estuvo anoche en los Independent Spirit Awards ✨ #SpiritAwards #modaentiktok ♬ original sound – nj.audios
Каја избра целосно транспарентен, тесен фустан од чипка без ракави кој ја истакна нејзината совршена фигура, а тоа смело модно парче е од престижната куќа „Живанши“.
Во впечатлив фустан, таа привлече и погледи и воздишки, и самоуверено позираше за фотографите и снимателите, вешто правејќи ги најдобрите пози.
Фустанот доаѓа од колекцијата пред есен 2026.
Забава
(Видео) Девојка постави билборди дека бара сопруг – 4.000 мажи ѝ се јавиле
Во денешно време не е лесно да се пронајде вистинската личност, па една жена се одлучила на прилично необичен потег. Лиса Каталано (42) од Сан Франциско вложила илјадници долари во џамбо билборди и реклами на такси возила со пораката „Ожени ме“, а на нејзиниот повик се јавиле повеќе од 4.000 мажи, наведува „Kалифорнија пост“.
„Луѓето ќе бидат шокирани колку потрошив. Сигурно ќе објавам преглед на трошоците кога сè ќе заврши и кога ќе се верам“, рекла Каталано.
Илјадници долари за реклами низ градот
Како што вели, најголемиот дел од парите отишле за џамбо билборди покрај автопатот 101 меѓу Санта Клара и Јужен Сан Франциско. Бидејќи во самиот Сан Франциско нема такви билборди, таму се одлучила за дигитални екрани на такси возила, кои во еден момент биле околу дваесет. Со рекламите на такси возилата престанала на 1 јануари, а огласите се прикажувале во циклуси од околу триесет секунди.
@marrylisaofficial I’m trying to find a husband, and I’m doing it by renting billboard space on highway 101 in the #sanfrancisco Bay Area! 😱 #moderndating #lookingforlove #highway101 #siliconvalley ♬ original sound – Lisa
На почетокот кампањата опфаќала десетина локации за билборди, но околу октомври бројот се намалил на шест до осум. За Денот на вљубените, на два дена поставила 14 специјални билборди со порака за празникот.
Сопствена веб-страница и рачна обработка на пријавите
Освен рекламирањето, Лиса вложила и во домен и хостинг за интернет-страница што самата ја изработила, како и во промотивни материјали како визит-картички, флаери и беџови. Купила и печатач и ги покрила трошоците за хартија и мастило за самата да ги испечати и рачно да ги прегледа илјадниците пријави.
„Сè правев рачно, сама, без ничија помош“, рекла Лиса, која со години работела во технолошката индустрија, а денес работи како фриленсерка и се занимава со препродажба на винтиџ облека. Во заливската област околу Сан Франциско, каде трошоците за живот и рекламирање се многу високи, целиот потфат, како што вели, ја чинел илјадници долари.
Од 4.000 пријави до првите состаноци
Откако добила повеќе од 4.000 пријави, Лиса секоја ја прочитала и изборот го стеснила на 50 мажи, потоа на 20, па договорила пет први состаноци. Вели и дека секој кандидат со кој излегува мора да потпише договор за доверливост, за да се заштити и себе и неа.
Иако сè уште не е во ексклузивна врска, 42-годишната жена вели дека ужива во состаноците и запознавањето нови луѓе. Денот на вљубените го поминала со маж со кој се гледа околу еден месец.

