Забава
Кајли Миног се враќа на подиумот за танцување со новиот албум

Диско-музиката отсекогаш била дел од неа. Ги пуштала плочите на своите родители за да ги слуша АББА и Дона Самер како дете.
Во новиот албум што го издаде минатата недела австралиската поп-икона Кајли Миног се враќа на тие корени и може да се запише во историјата на британските топ-листи доколку стигне до број еден.
И покрај многубројните признанија, вклучително и една „Греми“ и три британски награди, Миног вели дека би било неверојатно доколку „Диско“ – нејзиниот 15. студиски албум – се најде на врвот на топ-листите, со што ќе стане првата жена соло изведувач со број еден албум во Велика Британија во пет последователни децении.
„Тоа ми звучи лудо. Имам 52 години. Ова со петте децении ми звучи неверојатно“, изјави Кајли за „Ројтерс“ во едно интервју во Лондон.
Пејачката, која има продадено 80 милиони албуми во светот, вели дека почнала да слуша диско-музика како дете.
„Имав осум, девет, 10 години и можев сама да ги пуштам плочите на моите родители, а многу од нив беа диско-плочи“.
„Диско-звуците отсекогаш беа во системот“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Една од најатрактивните актерки на денешницата не престанува да привлекува внимание

Една од најатрактивните актерки на денешницата, Сидни Свини, не престанува да привлекува внимание со својот изглед.
На неодамнешната раскошна свадба на милијардерот Џеф Безос и Лорен Санчез, актерката покажа неколку комбинации, од кои секоја беше уште поволшебна.
На самата свадба таа блескаше во розов фустан, а за прошетка низ прекрасната Венеција избра нешто сосема поинакво, во боја која дефинитивно не е соодветна за лето.
Длабоките деколтеа се секогаш тука, бидејќи таа не може ништо друго да направи, а овој пат прошета во совршена street style комбинација. Сидни избра црн краток комбинезон кој е направен од набори и е целосно лелеав.
Ова е вистинско летно решение, но на многумина им беше чудно што беше во црна боја, сепак, таа покажа дека црната боја може да изгледа одлично и во лето.
Со оглед на тоа што не се откажа од монохроматското издание, Сидни избра и балетанки во истата боја, како и чанта од Шанел.
Забава
Се враќа од 90-тите: кафеавиот кармин е новиот хит на летото

Овој ретро класик, кој нè враќа во златните 90-ти и почетокот на 2000-тите, сега се враќа со стил – и освојува сè, од „Тик-ток“ до црвениот тепих.
Природни нијанси, земјени тонови, вибрации на кафеав шеќер… кафеавиот кармин станува ваш нов омилен избор, без разлика дали излегувате на кафе, на состанок или на летен фестивал.
Зошто кафеавата боја е толку модерна?
Затоа што е неочекувана. Затоа што совршено се вклопува со тенот, без напор ги нагласува усните и дава елегантно смирена атмосфера – тој изглед „не се потрудив премногу, но сепак изгледам совршено“. Бонус? И одговара буквално на сите, само треба да ја изберете вистинската нијанса.
Ако имате светла кожа – пробајте посветли, беж-капучино тонови или розово-кафеави варијации кои изгледаат природно и меко.
Ако имате среден до темен тен – чоколадните, карамелизираните или кафеаво-црвените тонови ќе ви изгледаат фантастично и дополнително ќе ги истакнат вашите усни.
Како да го носите?
За дневен, чист девојачки изглед – нанесете тенок слој кафеав кармин, малку маскара и лесен бронзер. Готово за 5 минути, и изгледате свежо и стилски!
За вечер – создадете smokey eye во топли тонови (црна, чоколадна, бронзена) и оставете карминот да ја заврши останатата работа. Ефектот „wow“ е загарантиран.
Мат наспроти сјаен
Сакате нешто што трае цел ден (и ноќ)? Мат кафеавиот кармин е ваш сојузник – елеганција со карактер и нула шанса за размачкување.
Преферирате природен сјај? Сјајните варијанти во кафеави тонови изгледаат сочно, женствено и совршено за летна вечер со коктел во рака.
Совет за убавина: Комбинирајте кафеав кармин со златни обетки, лабава коса и големи очила – и бидете ѕвезда на секоја приказна!
Забава
(Фото) Ќерката на познатата актерка ја засени својата мајка: толку многу природна убавина на една слика

Џесика Алба и нејзината 17-годишна ќерка Онор се појавија во прекрасни комбинации на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција.
Најстарата ќерка на актерката Џесика Алба (44), тинејџерката Онор, ги воодушеви сите со својата убавина на нејзината најнова фотографија објавена на Инстаграм, на која привлече поголемо внимание дури и од нејзината мајка.
Додека нејзината мајка се смета за една од најубавите природни актерки, 17-годишната Онор, која ја доби со поранешниот сопруг Кеш Ворен, со кого има уште две деца, е нејзина слика и прилика. Таа се појави со својата позната мајка на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција.
За оваа свечена пригода, за која целиот свет зборува, а свадбата беше наречена „свадба на деценијата“, Џесика носеше елегантен смарагдно зелен фустан од дизајнерот Зухаир Мурад, чиј долен дел е направен од тил и е проѕирен. Нејзината наследничка беше во беж фустан чиј горен дел е во форма на корсет, а долниот дел е направен од цветни шари.
„Прекрасна си“, „Овде се гледаат многу силни гени“, „Многу личите“, „Најубавата жена на светот“, „Убава во зелено“, „Каква мајка, таква ќерка“, гласат коментарите, а еден корисник на Инстаграм праша која е „пријателката“ на Џесика.