Македонија
Царовска: Потребни се поголеми вложувања на науката
Министерската за образование и наука, Мила Царовска, по повод Светскиот ден на науката – 10 Ноември, денес учествуваше на онлајн-панел дискусија за развојот на научната дејност во Република Северна Македонија. Дискусијата, што ја организира Комисијата за наука при Универзитетското студентско собрание на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, беше во насока да се увидат состојбата, местото и иднината на научната дејност во државата.
„Научноистражувачката дејност е многу значајна за развојот и напредокот на сите сегменти на општеството, затоа сметам дека како Влада треба да посветиме особено внимание на унапредување на нашата наука. Овие дискусии се многу значајни за да ја согледаме важноста за вложување во науката, но и да се поттикне соработката помеѓу академските, научноистражувачките установи, приватниот сектор и институциите“, рече Царовска.
Министерката истакна дека веќе се работи на планско и континуирано обезбедување со средсва наменети за науката преку грантово, проектно и програмско финасирање.
„Од годинава првпат Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството за образование и наука преку грантовото финансирање додели 34 иновациски ваучери со вкупна вредност од 15 милиони денари, кои треба да го поттикнат развојот на науката во нашата држава. За 23 од доделените апликации, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје ќе ги обезбедува потребните услуги, 9 ваучери му се доделени на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, а два на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.
„Преку овие иновациски ваучери, кои ќе ги доделуваме и во иднина, од една страна, вложуваме во иновацијата, отвораме можности за младите директно да учествуваат на проекти кои може да ја обликуваат нивната кариера, а од друга, им овозможуваме на компаниите да ја зголемат својата конкурентност“, рече Царовска.
Министерството за образование и наука од идната година воведува поддршка за национални истражувачки програми, а очекувањата се во 2022 година да се воведе програмско финасирање, кое ќе се спроведува во континуитет и ќе биде предвидено со целосно нов закон за научноистражувачка дејност.
Министерката истакна дека заложбите на МОН се да се зголеми учеството на БДП во науката. Според последните податоци од Државниот завод за статистика, во текот на 2019 година БДП во науката учествувало со 0,35 %, а учеството на бизнис-секторот во науката било 0,10 %. Во земјите од ЕУ овие вложувања изнесуваат во просек околу 1,8 % од БДП, а тенденцијата е да станат околу 3 %.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Почна постапката за воведување директна авиолинија со Саудиска Арабија
Министерството за транспорт ја започна постапката за склучување на Спогодба за воздушен сообраќај со Кралството на Саудиска Арбија, информира министерот, Александар Николоски.
Тој вели дека целта на Спогодбата е воспоставување на правна рамка што ќе овозможи отворање на редовни авиолинии меѓу Македонија и Саудиска Арабија и потенцира дека досега меѓу двете држави не се одржувал воздушен сообраќај.
„Со Спогодбата се создаваат либерални и фер услови за работа на авиопревозниците, преку поттикнување на конкуренција, пониски цени за патниците, како и можност за воведување нови и поквалитетни услуги. Истовремено, Спогодбата гарантира највисоко ниво на безбедност и сигурност во воздушниот сообраќај во согласност со меѓународните стандарди“, вели Николоски.
Тој додава дека се очекува со воспоставувањето на редовни авиолинии меѓу двете земји да придонесе за зголемување на економската соработка, туризмот, трговската размена и севкупните билатерални односи.
Николоски најави дека Министерството за транспорт во следниот период ќе ги преземе сите неопходни активности за започнување на официјалните процедури за регулирање на воздушниот сообраќај, согласно националните прописи и меѓународните стандарди во областа на цивилното воздухопловство.
Македонија
(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено
Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски извести дека градските служби веднаш излегле на терен и постапуваат со целосна мобилизација, со цел отстранување на опасностите и обезбедување безбедно движење за граѓаните.
„Се сечат и расчистуваат паднатите дрвја, се отстрануваат скршените гранки и се нормализира сообраќајот таму каде што имаше застој. Приоритет ни е безбедноста на граѓаните и непреченото функционирање на градот“, рече Ѓорѓиевски.
Тој апелираше до сите на зголемена внимателност додека траат активностите на терен.
Македонија
(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија
Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на основното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, соопшти Центарот за управување со кризи.

Според информациите, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции.

Силниот ветер направи проблеми и во Скопје. На шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе автомобили.
За состојбата се известени СВР Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, кои преземаат мерки во рамки на своите надлежности.

