Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да им ги покачи платите на младите специјализанти 100 проценти

Министерот за здравство, Венко Филипче, да обезбеди пензиско и здравствено осугурување за младите специјализанти и да им ги покачи платите 100 проценти, порача Марија Пејовска од ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата укажува и на неопходноста за соодветно домување за сите што немаат каде да престојуваат, а се распоредени во ковид-центри надвор од местото на живеење.
Пејовска рече дека барањата на приватните специјализанти сè уште не се исполнети, дури и по еден и пол месец од нивната средба со министерот за здравство.
„Во време на пандемија, додека сите држави од Европа го наградуваат медицинскиот кадар со зголемување на платите од 100 %, ние говориме за елементарни услови за работа и остварување законски или човекови права“, вели Пејовска.
Барањата на специјализантите вклучуваат најпрвин да се платат 24-часовните дежурства, а потоа и здравствено осигурување за сите приватни специјализанти, како здравствено така и пензиско осигурување, субвенции за домување на специјализантите, како и израмнување на коефициентот специјалисти/супспецијалисти во интернистичките и хируршките гранки. Овие барања, како што посочи Пејовска, биле доставени до министерот на 29 септември 2020 година и нивното исполнување било ветено од страна на министерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Турски државјани осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава

За кривично дело – Помагање на странец при незаконит престој предвидено во член 212 став 1 и 3 од Законот за странци осомничени се двајца турски државјани, на возраст од 30 и 26 години.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи осомничените во текот на годинава, заеднички, со намера да прибават противправна имотна корист, помогнале на странци да престојуваат во земјава спротивно на одредбите од Законот за странци.
Тие изнајмиле стан на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, каде за одреден паричен надомест им обезбедиле сместување и не го пријавиле престојот на двајца турски и двајца узбекистански државјани, со што им помогнале да престојуваат во земјава подолго од законски дозволениот престој од 90 дена во текот на 180 дена.
Бидејќи постојат околности што укажуваат постоење на опасност од бегство, опасност од влијание врз сведоци и сокривање и уништување на траги и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
Македонија
Николоски на средба со УКЕФ во Лондон: Македонија со огромна подршка од Британија го започнува најважниот регионален проект за брза пруга на Коридор 10

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на работната посета на Обединетото Кралство, денеска оствари средба со претставници на Националната агенција за извозно финансирање – УКЕФ.
На состанокот се разговараше за подршката што ја овозможува УКЕФ кон земјите од Западен Балкан во делот на обновливите извори на енергија, транспортот и здравството.
Вицепремиерот Николоски на состанокот ги потенцираше националните стратешки планови на Македонија за развој и модернизација на инфраструктурата со посебен акцент на регионалното поврзување на патната и железничката мрежа, како и политиките за зелена транзиција.
Посебен фокус стави на изградба на брзата пруга како проект од национално и регионално значење што се реализира со огромна подршка на Обединетото Кралство преку финансиска подршка како и пренесување на експертско знаење и практики.
Македонија е пример како соработката со УКЕФ влијае врз регионалниот еконономски развој, истакна Николоски на средбата, притоа додаде дека Обединетото Кралство е стратешки партнер на Македонија во развојот на земјата и во тој конткест соработката се насочува кон подршка на економскиот и општествениот развој.
Исто така беа разменети информации за соработката меѓу Македонија и Обединетото Кралство во насока на подршката што ја обезбедува оваа Агенција во рамки на нејзините државни политики.
На средбата покрај вицепремиерот Николоски, учество земаа и ресорни министри од Србија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Албанија.
Македонија
Комунална хигиена мора да се освести ни се спрема катастрофа, вели Герасимовски

Градоначалникот Горан Герасимовски, во изјава за медиуми пред почетокот на средбата со претставниците на ЗЕЛС за хаосот со сметот во Општина Центар, но и на територија на градот Скопје потенцираше дека мора да се најде итно решение за овој проблем кој веќе ги помина сите граници на нормално живеење.
„Изминатите пет дена немаше воопшто ниту еден камион од комуналното претпријатие на територија на Општина Центар. Ние имаме дополнително изнајмена механизација, нашите хигиеничари работат во две смени за отстранување на сметот од улиците. За жал, и тоа не е доволно, искрено не е доволно. Гледаме што секојдневно се случува, немаме ингеренции да го отстрануваме сметот од самите контејнери, немаме ни таква механизација, туку го отстрануваме само сметот покрај самите контејнери. И тоа не е доволно. Дополнително, имаме кучиња скитници кои го разнесуваат целото ѓубре по улиците и ни прави дополнителен проблем на нашите хигиеничари. Но, даваме се од себе да го подигнеме нивото на хигиена на повисоко ниво. Верувам дека јавното претпријатие ќе се свести и дека во наредните денови ќе се појави низ Општина Центар и другите општини за да го тргне сметот од улиците“, рече Герасимовски.