Забава
Марен Морис триумфира на ЦМА-наградите
Познатата кантри-пејачка и текстописец Марен Морис во средата вечерта освои најмногу трофеи на годинешното доделување на ЦМА-наградите, а најголемиот трофеј – женски вокал на годината – го посвети на придонесот на Афроамериканките во кантри-музиката.
Морис освои три трофеи на настанот со социјално дистанцирана публика, а својата победа им ја посвети на младите афроамерикански кантри-пејачки.
30-годишната Морис им даде посебен акцент на Афроамериканките во жанрот, вклучувајќи ги Бритни Спенсер, Ријанон Гиденс, Линда Мартел, Јола, Риси Палмер и Мики Гајтон, додека ја примаше најголемата награда на настанот во Нешвил.
Таа застана пред физички оддалечената публика и рече: „Има толку многу неверојатни Црнкинки кои продолжуваат како пионери во овој жанр и јас знам дека тие надоаѓаат зад мене“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Ирина Шајк во минијатурно бикини: Прекрасна, природна и неодолива
Една од најпознатите модели на денешницата, Ирина Шајк, која неодамна го прослави својот 40-ти роденден, ги замени студените денови во Њујорк со сонцето и плажата во Мајами, каде што отиде со својата ќерка Леа, над која го дели старателството со актерот Бредли Купер.
Sultry Valentine Stunner: 40-year-old Irina Shayk turns heads in tiny bikini at Miami Beach (photos)
Model Irina Shayk set social media buzzing after stepping out in a black bikini during a Valentine’s Day beach outing in Miami Beach, Florida.
Read More: https://t.co/30DULRgJBW pic.twitter.com/Yz2qDjbbaB
— 9jaonline Magazine (@9jaonlinemagzin) February 16, 2026
Ирина ја покажа својата зачудувачка фигура во црно бикини и јасно стави до знаење дека сè уште е едно од најголемите имиња во ангелите на „Викторија Сикрет“, а по модната ревија на познатиот бренд каде што носеше секси долна облека, имаме можност да ја видиме во ова полежерно издание.
Irina Shayk brought serious supermodel heat to Miami Beach and the ocean wasn’t the only thing turning heads.
📸 Backgrid
See more: https://t.co/gO4vqLKlPK pic.twitter.com/RTdqnL3csI
— TMZ (@TMZ) February 16, 2026
Прекрасната Русинка беше во одлично расположение; си играше во плитките води, шеташе по плажата и не симнуваше насмевка од лицето, а носеше црна шапка и црни очила за сонце.
🔥Irina Shayk drops jaws in VERY skimpy bikini on the beach https://t.co/FI860CkXaQ via @DailyMailCeleb
— Breaking News 🇬🇧 (@BNN_Breaking) February 16, 2026
Во преден план беа нејзините долги, витки нозе, рамен стомак и природни гради, и повторно се уверивме дека таа е една од најубавите жени со причина – и сè уште е.
Забава
(Фото/Видео) Го засени настанот со секси издание: Маура Хигинс ги покажа своите неверојатни стомачни мускули
Риалити ѕвездата Маура Хигинс (35) ги засени моделите на Неделата на модата во Њујорк кога се појави на ревијата на дизајнерот Лакуан Смит во повеќе од провокативен фустан и се најде во центарот на вниманието.
Оваа позната атрактивна бринета носеше долг фустан во кралско сина боја, кој се состоеше од долги ракави и долг долен дел, додека беше пресечен во средината за да го открие целиот стомак – во пределот од градите до колковите.
Всушност, имавме можност да го видиме овој тренд на „обратен гол граден кош“ и претходно, кога беше популарен некое време, и се чини дека познатите личности со задоволство се враќаат на него.
Маура ги покажа своите неверојатни стомачни мускули, а изрезот во голема мера го откриваше долниот дел од нејзините гради.
При пристигнувањето на настанот, таа го носеше и модниот хит од оваа сезона – долго вештачко крзнено палто, фрлено преку рамената, во иста нијанса како фустанот.
Забава
(Фото) Бела Хадид го прослави денот на вљубените во фустан стар 23 години
Познатата манекенка Бела Хадид неодамна раскина со каубојот Адан Бануелос, но тоа не ја спречи да го прослави Денот на вљубените на посебен начин.
Бела приреди вечера за своите пријатели со црвени рози и вино, а таму беа и нејзините производи од Оребела. Сепак, посебно внимание беше посветено на фустанот од 2003 година, според Харперс Базар. Станува збор за модел на Џорџ Чакра, од пролетната колекција, и е стар 23 години.
Лелеав и транспарентен, украсен со мали циркони и шал од брендот Оребела. Бела го комплетираше своето романтично модно издание со кафеави чевли. Косата ја стилизираше во меки бранови и уживаше во лудо време со своите пријатели.
Бела Хадид, која беше прогласена и за најубава жена на светот според теоријата за златниот пресек, се повлече од јавноста некое време и уживаше далеку од Холивуд, заедно со нејзиното тогашно момче.
Сепак, по две години врска, двојката раскина, а Бела сè уште не планира нова врска.

