Црна хроника
Запленети нелегално оружје и украдено возило во Прилепско
Полициски службеници од Прилеп извршија три претреси во селото Големо Радобил, Прилепско, при што е пронајдено и одземено нелегално оружје (пет пушки) и пронајдено и одземено едно патничко моторно возило, кое претходно било пријавено за украдено.
„Во домот на М. М. (52) пронајден и одземен е еден ловен карабин 7,9, модел ’98’, кај Т. Ј. (41) пронајдени и одземени се два ловни карабина и 42 парчиња муниција и кај Ф. Ц. (49) пронајдени и одземени се една ловџиска пушка и еден ловџиски карабин и одземено е возило ‘волво’, кое претходно е пријавено за украдено. Против овие лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, велат од МВР.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Провала во финансиско друштво во Карпош, одземени пари
Во текот на ноќта со употреба на сила било влезено во финансиско друштво во трговски центар во Карпош, при што биле одземени пари.
Случајот е пријавен во СВР Скопје и се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец
Четириесет и едногодишниот С.Г. од Скопје вчера бил приведен на подрачјето на Карпош.
Според информациите од полицијата, тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Млад возач излета од патот Битола-Прилеп, тешко е повреден
Синоќа во полицијата било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (25) од Прилеп, излетало од коловозот.
Во сообраќајната незгода, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница во Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

