Македонија
Донација од 800.000 долари од САД за Клиниката за хематологија во Скопје
ЈЗУ Универзитетската клиника за хематологија – Скопје доби финасиска помош во висина од 800.000 долари од Европската команда на армијата на Соединетите Американски Држави (САД), реализирана преку Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.
Овие средства се наменети за проширување на капацитетите за хоспитализација на пациенти со хематолошки болести во рамките на нашата Клиника.
По овој повод, утре, амбасадорката на САД во земјата, Кејт Мари Брнс, заедно со министерот за здравство, Венко Филипче, ќе ја посети Клиниката за хематологија – Скопје. Оваа посета ќе значи и официјално почнување на изведбените работи за проширување на клиничките капацитети.
„Со оваа инвестиција целосно се заокружува процесот на обнова на просторните услови во рамките на Клиниката за хематологија – Скопје, почнат во 2017 година, што заедно со воспоставените најсовремени методи за лечење и здравствена нега помагаат во етаблирањето на оваа Клиника како значаен центар за хематолошки болести во поширокиот регион“, велат од Клиниката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

