Црна хроника
Приведен дилер во Охрид

Синоќа, на улицата Васил Главинов во Охрид, при преглед извршен врз Т. Љ. (31) од Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа две најлонски кеси со марихуана.
Дополнително, при претрес во неговиот дом, како и во помошна просторија што ја користел на улицата Марко Нестороски, пронајдени се 80 полиетиленски пакувања со марихуана со разна тежина, наменети за улична продажба на наркозависници од Охрид, информираат од МВР.
Т. Љ. е приведен и против него СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Исчезнатиот рибар кај Злетовска Река најден мртов

Пронајден е починат исчезнатиот рибар Кире Павлов од Пробиштип.
Неговото исчезнување во полицијата го пријавил Благој Стојанов од истиот град кој со него бил на риболов на Злетовска Река во атарот на селото Жиганци. Кире Павлов тука исчезнал и му се изгубила трага, според пријавеното, пренесе Центарот за управување со кризи.
Полицијата подоцна извести дека лицето било пронајдено починато, а според првичните информации станува збор за природна смрт.
Црна хроника
Дете нападнато на автобуска станица во Центар од четири лица

А.К.(44) од Скопје пријавила дека на 26 април околу 22.20 на автобуска постојка на подрачјето на Центар, нејзиниот 14-годишен син бил физички нападнат од четири лица, кои ги познавал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
МВР трага по осумгодишно момче кое исчезнало во Скопје

Осумгодишниот А.Џ., кој имал здравствени проблеми се оддалечил од местото каде што престокувал со својот татко.
За случајот, полицијата во Карпош ја алармирал родителот на момчето.
Од МВР велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на детето.
Полицијата трага и по две девојчиња на возраст од 11 и 14 години, кои исчезнаа во Скопје.