Македонија
Царовска: Се надевам дека набргу ќе го чуеме училишното ѕвонче, засега учење на далечина

Инвестирањето во образованието е приоритет на секое општество. Квалитетни кадри, светски стандарди и наставни програми што ги следат современите текови, се основата на развојот на една земја. Нема да запреме со вложувањето во инфраструктурата сè додека не ги подобриме условите во училиштата. Ова го изјави министерката за образование и наука, Мила Царовска, при работната посета на општина Битола.
Министерката заедно со градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, го посети СОУ „Таки Даскало“, каде што во изминатиот период се работеше на целосно реконструирање на покривната површина. Вкупната инвестиција е 16 милиони денари и е обезбедена од буџетот на МОН. Со овие средства целосно се реконструирани покривте на три училишни објекти, вклучувајќи ја и спортската сала, каде што е ставена и термоизолација.
„Инвестирањето во образованието е инвестиција за иднината, за целокупниот општествен развој. Полека, но сигурно обезбедуваме услови за непречено одвивање на наставата на учениците. Се надевам дека набргу повторно ќе се чујат училишното звонче и вревата на учениците. Тоа сите го посакуваме, но во овој период мораме да бидеме свесни за опасностите од Ковид-19. Засега останува одлуката за учење на далечина за учениците од погорните класови и наставата со физичко присуство за најмалите ученици. Секаде каде што е потребно, МОН ќе инвестира затоа што учениците се иднината на нашата земја, со обезбедувањето услови за неопречено следење на наставата сме инвестирале во развојот на нашето општество“, истакна министерката Мила Царовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Тандемот Заев-Филипче треба да каже од каде им се милионските трансакции кон Дубаи, дали се тоа провизии од зделки и тендери во четири очи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Наместо празни зборови и небулозни соопштенија СДС треба да ги охрабри Заев и Филипче да одговорат на едно едноставно прашање. Заев и Филипче да кажат дали поседуваат златни визи за Дубаи и колку милиони им се трансакциите во Дубаи? Додека Заев, како инвеститор, гради згради во Дубаи и му прави засолниште на Филипче, тој му ја чува фотелјата во СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тандемот Заев-Филипче треба да и каже на јавноста од каде им се милионските трансакции кон Дубаи и на кој начин ги стекнале тие средства, дали се тоа провизии од зделки и тендери во четири очи?
Зоран Заев со една рака на срце се колнеше во македонската жица и тврдеше дека си ја сака земјата, додека со другата ја распродаваше и делеше стотици милионски тендери на своите роднини и фирми. И додека се празнеше буџетската каса, а народот осиромашуваше, Заев профитот и провизиите од криминалните зделки ги инвестира во Дубаи каде што најде сигурно прибежиште.
Филипче, продолжената рака на Заев, додека му го чува партиското столче и глуми загрижен за социјалдемократските вредности да им каже на сопартијците и граѓаните дали поседува златна виза и дали има луксузен стан во Дубаи?
Додека Заев и Филипче инвестираат и се луксузираат во Дубаи и во слободно време се веселат со Харис Џиновиќ, народот поради низата погрешни политики на СДС размислува како да го помине месецот.
Јавноста и граѓаните заслужуваат одговори а не изговори или молк. СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
MINT Финтек во служба на природата и заедницата

На Денот на планетата Земја, децата на вработените во MINT Fintech Group засадија 9 нови магнолии во парк-просторот кај Офицерски дом, во соработка со надлежното општинско претпријатие во Општина Битола.
Ова е третата година по ред како финтек компанијата со седиште во Битола ја реализира оваа еколошка и симболична акција, каде бројот на садници расте заедно со годините на компанијата.
Првите магнолии беа засадени во срцето на градот – кај Градскиот часовник, каде годинава пролетта ги пречека во полн цвет. Минатата година – во новиот парк кај Довлеџик. Оваа година – позади Офицерски.
Секоја магнолија е порака. Порака дека технологијата и природата не се спротивности – туку партнери. Порака дека иновативноста е најсилна кога расте со почит кон корените.
Магнолијата како симбол отсекогаш била присутна во Битола – најпознат пример е онаа во дворот на историската куќа на семејството Иконому на плоштадот Магнолија. Според народните верувања, магнолијата засадена пред куќа носи мир и задоволство, а позади куќа – финансиски просперитет. Совршена метафора за MINT.
„Нашата цел е оваа мала традиција да прерасне во голема магнолиска приказна за градот – каде секое дрво е жив симбол на одржливост, љубов и технолошка визија со локален пулс“, велат од MINT Fintech Group.
9 магнолии. 9 години. 1 град што расте.
ПР
Македонија
Еден загинат по удар на гром во Прилепско

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, дека преку 112 во ЦУК во 17.39 часот, била добиена пријава за починато лице за коешто јавувачот известил дека најверојатно е погодено од гром во село Мажучиште, Општина Прилеп.
За ова, од Секторот за операции и координација на ЦУК, веднаш биле известени во МВР и во Итната медицинска помош (ИМП) за понатамошна постапка.
Според последната информација добиена од РЦУК Битола истите известиле до ЦУК дека лицето од село Мажучиште, Општина Прилеп било погодено од гром по што е пренесено во Итна медицинска помош во Прилеп и била констатирана неговата смрт.