Македонија
Регистрирани 1.168 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 18 лица
Во последните 24 часа се направени 3.353 тестирања, а регистрирани се 1.168 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-513, Куманово-68, Дебар-6, Штип-27, Прилеп-77, Тетово-65, Струга-40, Велес-36, Битола-58, Охрид-25, Кавадарци-29, Гостивар-30, Гевгелија-5, Струмица-33, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-3, Кочани-19, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-3, Валандово-6, Виница-5, Делчево-3, Кратово-11, Свети Николе-33, Кичево-42, Ресен-4, Неготино-7.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 692 оздравени пациенти од: Скопје-394, Куманово-25, Штип-27, Прилеп-22, Тетово-49, Велес-33, Битола-14, Охрид-2, Кавадарци-12, Гостивар-22, Гевгелија-12, Струмица-18, Крива Паланка-6, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-6, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-6, Виница-2, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-16, Ресен-1, Неготино-2.
Починати се 18 лица, пет пациенти од Скопје (61, 69, 67, 77 и 84г), двајца од Куманово (66 и 80г), еден пациент од Штип (54г), еден од Тетово (73г), двајца од Битола (82 и 73г), еден од Охрид (84г), четири пациенти од Гостивар (78, 76, 78 и 66г), еден од Струмица (55г) и еден пациент од Кратово (74г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 46062, бројката на оздравени пациенти е 26981, на починати е 1281, а бројот на активни случаи изнесува 17800. Денеска се евидентираат четири контролни теста од вчера, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 20253, активни 8254
• Куманово 3005, активни 821
• Дебар 412, активни 97
• Штип 2127, активни 486
• Прилеп 2100, активни 878
• Тетово 3120, активни 1051
• Струга 1070, активни 285
• Велес 1390, активни 742
• Битола 1300, активни 669
• Охрид 1117, активни 497
• Кавадарци 864, активни 400
• Гостивар 1688, активни 526
• Гевгелија 557, активни 214 (27 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 98 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1338, активни 641
• Крива Паланка 327, активни 108
• Радовиш 341, активни 130
• Крушево 65, активни 36
• Кочани 994, активни 319
• Пробиштип 289, активни 95
• Демир Хисар 144, активни 68
• Македонски Брод 126, активни 22
• Пехчево 82, активни 22
• Берово 275, активни 76
• Валандово 135, активни 44
• Виница 267, активни 133
• Делчево 340, активни 182 (88 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 123, активни 78
• Свети Николе 636, активни 179
• Кичево 925, активни 413
• Ресен 332, активни 119
• Неготино 320, активни 215 (26 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 3353 теста се преку: ИЈЗ-904, ЦЈЗ Скопје-112, Авицена-387, Биотек-431, МАНУ -260, Жан Митрев (Филип Втори)-287 , Систина со PCR метода -296, лабораторија Лаор –82, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-91, Инфективна клиника-10, ГАК-0, Синлаб-145, Ремедика-27, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ (рапид тест) -301, УК Пулмологија со алергологија –2 , лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 289.534 тестирања на Ковид -19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 500
• Гази Баба – 1151
• Аеродром -1256
• Карпош – 1070
• Центар – 1028
• Кисела Вода – 1021
• Ѓорче Петров – 680
• Бутел – 430
• Шуто Оризари – 144
• Студеничани – 41
• Сарај – 108
• Арачиново -26
• Илинден – 199
• Сопиште – 59
• Чучер Сандево – 83
• Петровец –82
• Зелениково -54
• Странец – 149
• Нераспределен- 173
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јаневска: Колку повеќе децата се во училиште, толку е поголем нивниот резултат
Македонските ученици до 15-годишна возраст поминуваат дури 900 часови помалку во училишните клупи во споредба со нивните врсници од Европската Унија, вели министерката за образование, Весна Јаневска.
Во интервју за МРТ1, Јаневска истакна дека сите можни истражувања, и во светот и кај нас, кажуваат дека колку повеќе децата се во училишните клупи толку е поголем нивниот резултат, односно стекнуваат толку повеќе знаење, вештини, компетенции.
„Македонските ученици до 15-годишна возраст поминуваат дури 900 часови помалку во училишните клупи во споредба со нивните врсници од Европската Унија, стандарди кои сакаме да ги достигнеме и во кој клуб сакаме да се приклучиме“, рече Јаневска и додаде дека е потребен ред во образованието и кај повозрасните, нагласувајќи дека повеќе време во училиште директно значи подобри вештини и знаења.
„Нашите деца не се помалку способни од нивните европски врсници за да бидат на дното на табелите од меѓународните тестирања. Затоа ќе го продолжиме времето што го минуваат во училиште, и тоа ќе се искористи за развивање на знаења и вештини споредливи со оние што ги имаат учениците во Европа. За да ги подготвиме наставниците да преминат од предавачи на факти во водичи и партнери во учењето, ќе посетуваат потребни обуки, меѓу кои и за читање со разбирање“, рече Јаневска на Свечената академија по повод 30-годишниот јубилеј на Педагошкиот факултет.
Македонија
Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција
Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција, кај кого беа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕид во куќата на неговите родители во Неготино.
„Денеска предметниот јавен обвинител од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го сослуша осомничениот судија и му ги предочи прибраните докази врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги сторил делата што му се ставаат на товар. Ценејќи ги објективните услови што е потребно да бидат исполнети за определување на мерка за обезбедување присуство, како и субјективните што истата ја оправдуваат, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител му достави предлог на осомничениот да му биде определена мерка куќен притвор“, соопшти Обвинителството.
Освен оваа мерка, предложено е и определување на мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.
Македонија
Се зголемуваат цените на бензините и дизелот
Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 1,5 и за 2 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 21.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 32,987 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар за литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,854 денари за килограм и сега ќе изнесува 32,987 денари за килограм.

