Македонија
Санкционирани 326 возачи во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 326 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 35, 24 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, за управување под дејство на алкохол 18 санкции, 65 мерки за непрописно паркирани возила и 67 санкции за неносење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за безбедност во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Majката на Вања сведочеше во судот: „Таткото тврдеше дека е киднапирана, локацијата на ‘Гугл’ првин не однесе во напуштена куќа“
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска сведочеше Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања.
Ѓорчевска изјави дека во моментот кога сфатиле дека Вања не се појавила на училиште, а на телефонот била недостапна, локацијата на „Гугл“ им покажала дека е на Партизанска, а кога отишле таму со сопругот Александар, затекнале напуштена куќа. Внатре немало никој.
Ѓорчевска сведочеше дека сопругот и’ рекол и дека ја барал и во Сарај, Арачиново, Блаце, а од првиот момент велел: „Киднапирана е, нема што друго да биде“.
Судењето за убиството на Панче и Вања почна на 20 септември. Им се суди на првообвинетиот Љупчо Палевски, како и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа најдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.
Македонија
Кузеска: СДСМ бара одговорност по скандалите во ЈПДП и злоупотребата на патарините
Мора да има одговорност за сканалите во ЈПДП и злоупотребите на патарините. Веќе објавивме дека Коце Трајановски и ДПМНЕ го поставиле Миланчо Митревски за шеф на контролорите на Наплатната служба на патарините во Петровец, иако не ги исполнува условите за тоа, вели Богданка Кузеска портпарол на СДСМ.
„Фатен бил како ја злоупотребува службената положба. На Митревски му е изречена дисциплинска санкција за тоа што наплаќал повеќе пари на патарините а вишокот го присвојувал за себе. Неговата единствена квалификација за оваа функција е тоа што е партиски кадар на ДПМНЕ и сопруг на советничка на истата партија во Велес. ДПМНЕ ја враќа грубата партизација и бруталната злоупотреба на институциите како до 2016 година“, посочува Кузеска и додава:
„Но, скандалот во ЈПДП е уште поголем затоа што за Митревски не важат прописите и законите. Снимки од патарините кои ни ги доставија свиркачи покажуваат дека Митревски не плаќа патарини. Ова е апсолутно недозволиво. Народот да плаќа, додека за партиските шерифи на Мицкоски и Трајановски да не важат закони и прописи и да прават што сакаат. Ова е типичен пример на партиска злоупотреба на институциите и јавните ресурси. И овие скандали се случуваат во исто време кога МВР поднесе 18 кривични пријави за неплаќање патарина, за 12 полицајци и за 6 вработени во патарините. Тошковски и МВР треба да одговорат зошто Митревски не е сакнциониран? Зошто за него нема кривична пријава? МВР има селективен пристап или за него не важат законите затоа што е кадар на ДПМНЕ? СДСМ бара итна разрешница на овој скандал и одговорност. Коце Трајановски треба веднаш да го разреши Миланчо Митревски од функцијата шеф на контрола на Наплатна служба. МВР и Тошковски веднаш да реагираат, да преземат мерки сите надлежните институции за соодветна одговорност. Не може да има двојни стандарди во владеењето – еден за народот и друг за партиските шерифи на ДПМНЕ“.
Скопје
6800 ученици од Гази Баба добија бесплатни училишни униформи
Општина Гази Баба успешно го реализираше проектот за обезбедување на бесплатни училишни униформи за сите ученици кои го следат образовниот процес во општинските основни училишта на нејзината територија.
Од општината информираат дека со проектот се опфатени 6800 ученици кои добиваат сет на бесплатни училишни униформи кој содржи две поло маици, една блуза со долг ракав и еден дуксер.
Вредноста на проектот е 14.000.000 денари, средства обезбедени од буџетот на општина Гази Баба.
Овој проект за првпат се имплементираше во општина Гази Баба минатата година и истиот претставува реализирано ветување од изборната програма на актуелниот градоначалник Бобан Стефковски.
За реализираниот проект, градоначалникот Стефковски истакна дека истиот е од голема важност за општината и е посебно среќен бидејќи учениците се ослободени од предрасудите и на сите нив им останува единствено обврската да се посветат на совладување на материјалот кој им се предава од страна на наставниот кадар.
Општина Гази Баба продолжува со реализација на проекти кои ќе обезбедат поквалитетно образование и воспитание на децата.