Забава
Принцот Хари и следната прва дама на САД се познаваат осум години, тврдат таблоидите
Одлуката на војводата и војвотката од Сасекс да се појават во специјалното издание на „Еј-би-си“ Тајм100, охрабрувајќи ја американската јавност да гласа на претседателските избори, наводно, предизвика многу котроверзи.
„И сега, со избраниот претседател Џо Бајден, кој набргу ќе се всели во Белата куќа, се појави неконвенционална политичка конекција – таа на долгогодишното пријателство на принцот Хари со следната прва дама на САД, д-р Џил Бајден“, пишуваат британски таблоиди.
А „Инсајдер“ известува дека војводата бил во добри односи со д-р Џил од кога се запознале пред осум години, додека тој сè уште бил официјален член на британското кралско семејство.
Тие се запознале во мај 2012 година, на прием за ранети американски и британски војници што се одржал во резиденцијата на британскиот амбасадор во Вашингтон.
Хари и Џил се чини дека брзо создале пријателска врска, а Џил потоа патуваше во Лондон за да присуствува на инаугуративните кралски игри Invictus Games во 2014 година, каде беа фотографирани како разговараат и се смеат заедно, пишува Insider.
Кога Џил продолжила да присуствува на игрите „Инвиктус“ во Орландо во 2016 година со тогашниот потпретседател Џо Бајден, Џо се пошегувал дека е малку загрижен за нивното пријателство, и рекол: Џил отиде во Лондон на Игрите. Таа поминува премногу време со принцот Хари.

Бајденови станаа постојани поддржувачи на проектот на Хари, продолжувајќи да присуствуваат на „Инвиктус“ игрите во Торонто во 2017 година – настанот на кој Хари и Меган го направија своето јавно деби како пар.
Како британски државјанин, Хари не гласаше на изборите во САД ниту, пак, некогаш гласал на избори во Велика Британија, поради неговиот кралски статус. Сепак, се смета дека Меган станала прва од кралството во поновата историја што гласала, а наводно гласала по пошта, пренесе „Мејл онлајн“.

Хари и Меган се чини дека имаат помалку од пријателски односи со сегашниот претседател Доналд Трамп, додава весникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Меланија Трамп ја украси Белата куќа за Ноќта на вештерките
Меѓу контроверзиите околу градежните работи во Белата куќа, Меланија Трамп ги покажа своите декорации за Ноќта на вештерките, подготвувајќи се за традиционалната прослава што ќе се одржи недалеку од срушеното Источно крило.
Нејзината канцеларија објави фотографии од подготовките со порака: „Белата куќа се подготвува за Ноќта на вештерките 🎃“.
The @whitehouse is getting ready for Halloween 🎃 pic.twitter.com/J7LAs6hqfl
— Office of the First Lady (@FirstLadyOffice) October 28, 2025
Есенска атмосфера и многу тикви
За разлика од претходните години, Меланија се чини дека се одлучила за поедноставна декорација за претстојната Ноќ на вештерките. Задниот влез и скалите се покриени со тикви, додека шарени лисја ги красат столбовите на тремот. Целокупниот впечаток повеќе потсетува на есенска тема отколку на Ноќта на вештерките, што можеби била намерна одлука за да не се исплашат најмладите гости кои доаѓаат на традиционалното собирање слатки.
Забава
Меган Фокс за мајчинството: Не сум спиела седум месеци
Американската актерка Меган Фокс (39) искрено проговори за предизвиците на мајчинството по раѓањето на ќерката Сага, која ја доби со свршеникот Колсон Бејкер.
На проекција на филмот Jennifer’s Body во Лос Анџелес, Фокс откри дека по породувањето, се соочува со силна исцрпеност.
„Само што родив бебе и страдам. Не сум спиела седум месеци“, изјавила таа објаснувајќи дека има тешкотии со концентрацијата и со меморијата.
Актерката додала дека по породувањето, се споредила со трансформацијата на својот лик во чудовиште од филмот, алудирајќи на психолошките промени што ги чувствува.
Иако постојат шпекулации за развод, таа и сопругот останале заедно и по тешкиот период, вклучувајќи го губењето на бременоста во 2023 година, што Меган го опиша како длабоко емотивно и болно искуство.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон во спектакуларен фустан: актерката во креација на „Валентино“ по шест години
Популарната актерка Дакота Џонсон блесна на настанот Vogue World 2025: Hollywood кога се појави во спектакуларен фустан од модната куќа „Валентино“ и покажа зошто е една од најзаводливите холивудски ѕвезди.
Интересно е што таа не ги носела креациите на оваа престижна италијанска модна куќа на црвениот тепих веќе шест години, но соработката е обновена и сигурно ќе уживаме во нејзините спектакуларни изданија и во наредниот период.
@dakotajohnsonarg this cutieeeee!!! 💗🤏🏻🥹 #dakotajohnson #VogueWorld #vogue #voguemagazine #hollywood ♬ what is love haddaway – whitelinesprettybabyy
Дакота, во соработка со стилистката Кејт Јанг, избра многу впечатлива креација од колекцијата пролет 2026, фустан украсен со мониста во нежни, пастелни бои по целата должина.
Инспириран е од 20-тите, а е посебен поради везот на деколтето и делумно проѕирниот дел од тил во нежно розова боја. Друг интересен детаљ е високата јака, која исто така е изработена од тил, но во друга боја. Со овој фантастичен фустан Дакота избра нежно розови чевли од „Валентино“, како и дискретен накит.
@gbr.mag me encontro obcecada pelo look da dakota johnson no vogue world 🥹🤍 #tiktokfashion #dakotajohnson #vogueworld #fashion #moda ♬ original sound – lana del rey ୨୧
Провокативната и ефектна комбинација ја комплетира со црна чанта, а додека фотографите ја фотографираа, таа не можеше да ја тргне насмевката од лицето.
фото: принтскрин

