Забава
Војводата од Сасекс тргнува во прва офанзива со комедија во живо
Принцот Хари ќе учествува во традиционалниот добротворен фестивал на музика и комедија Stand Up for Heroes на 18 ноември.
Oткако се повлекоа од функцијата високи членови на кралското семејство, војводата и војвотката од Сасекс градат свои кариери како филантропи, говорници и продуценти на „Нетфликс“.

Сепак, никој не можеше да го претпостави најновиот потфат на принцот Хари, со тоа што војводата ќе се појави во стендап-комедија, како дел од забавен настан за добротворни цели.
Њујоршкиот годишен Stand Up for Heroes оваа година се одржува виртуелно поради пандемијата, а ќе се емитува на @Еј-би-си њуз лајв“ и онлајн на 18 ноември. Во него ќе учествуваат голем број sвезди, вклучително и пејачот Брус Спрингстин, стендап-комичарот Џон Стјуарт, Тифани Хадиш, Реј Роман и други кои со перформанси и скечеви ќе се обидат да соберат средства за фондацијата Боб Вудруф – организација со седиште во САД чија цел е да создаде здрави, позитивни иднини за воените херои, ветераните и нивните семејства.
Според официјалната веб-страница на фондацијата, настанот ќе потенцира инспиративни моменти, изненадувања и приказни за издржливост.
Годишниот добротворен настан, кој се одржува веќе 14 години, започна по иницијатива на дописникот на „Еј-би-си њуз“ Боб Вудруф, откако тој се здоби со повреди на главата во 2006 година, додека известуваше за војната во Ирак.
Од својата инаугуративна година во 2007 година, настанот собра повеќе од 57 милиони долари, со настапи од ѕвездени имиња како Стивен Колберт, Џон Мејер, Сет Мејерс, Тревор Ноа, Конан О’Брајан, Рики Џервејс, Вупи Голдберг, Џери Синфилд, Брус Спрингстин , Реј Романо и Робин Вилијамс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Меланија Трамп ја украси Белата куќа за Ноќта на вештерките
Меѓу контроверзиите околу градежните работи во Белата куќа, Меланија Трамп ги покажа своите декорации за Ноќта на вештерките, подготвувајќи се за традиционалната прослава што ќе се одржи недалеку од срушеното Источно крило.
Нејзината канцеларија објави фотографии од подготовките со порака: „Белата куќа се подготвува за Ноќта на вештерките 🎃“.
The @whitehouse is getting ready for Halloween 🎃 pic.twitter.com/J7LAs6hqfl
— Office of the First Lady (@FirstLadyOffice) October 28, 2025
Есенска атмосфера и многу тикви
За разлика од претходните години, Меланија се чини дека се одлучила за поедноставна декорација за претстојната Ноќ на вештерките. Задниот влез и скалите се покриени со тикви, додека шарени лисја ги красат столбовите на тремот. Целокупниот впечаток повеќе потсетува на есенска тема отколку на Ноќта на вештерките, што можеби била намерна одлука за да не се исплашат најмладите гости кои доаѓаат на традиционалното собирање слатки.
Забава
Меган Фокс за мајчинството: Не сум спиела седум месеци
Американската актерка Меган Фокс (39) искрено проговори за предизвиците на мајчинството по раѓањето на ќерката Сага, која ја доби со свршеникот Колсон Бејкер.
На проекција на филмот Jennifer’s Body во Лос Анџелес, Фокс откри дека по породувањето, се соочува со силна исцрпеност.
„Само што родив бебе и страдам. Не сум спиела седум месеци“, изјавила таа објаснувајќи дека има тешкотии со концентрацијата и со меморијата.
Актерката додала дека по породувањето, се споредила со трансформацијата на својот лик во чудовиште од филмот, алудирајќи на психолошките промени што ги чувствува.
Иако постојат шпекулации за развод, таа и сопругот останале заедно и по тешкиот период, вклучувајќи го губењето на бременоста во 2023 година, што Меган го опиша како длабоко емотивно и болно искуство.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон во спектакуларен фустан: актерката во креација на „Валентино“ по шест години
Популарната актерка Дакота Џонсон блесна на настанот Vogue World 2025: Hollywood кога се појави во спектакуларен фустан од модната куќа „Валентино“ и покажа зошто е една од најзаводливите холивудски ѕвезди.
Интересно е што таа не ги носела креациите на оваа престижна италијанска модна куќа на црвениот тепих веќе шест години, но соработката е обновена и сигурно ќе уживаме во нејзините спектакуларни изданија и во наредниот период.
@dakotajohnsonarg this cutieeeee!!! 💗🤏🏻🥹 #dakotajohnson #VogueWorld #vogue #voguemagazine #hollywood ♬ what is love haddaway – whitelinesprettybabyy
Дакота, во соработка со стилистката Кејт Јанг, избра многу впечатлива креација од колекцијата пролет 2026, фустан украсен со мониста во нежни, пастелни бои по целата должина.
Инспириран е од 20-тите, а е посебен поради везот на деколтето и делумно проѕирниот дел од тил во нежно розова боја. Друг интересен детаљ е високата јака, која исто така е изработена од тил, но во друга боја. Со овој фантастичен фустан Дакота избра нежно розови чевли од „Валентино“, како и дискретен накит.
@gbr.mag me encontro obcecada pelo look da dakota johnson no vogue world 🥹🤍 #tiktokfashion #dakotajohnson #vogueworld #fashion #moda ♬ original sound – lana del rey ୨୧
Провокативната и ефектна комбинација ја комплетира со црна чанта, а додека фотографите ја фотографираа, таа не можеше да ја тргне насмевката од лицето.
фото: принтскрин

