Македонија
Хари Локвенец нов директор на ЈП за железничка инфраструктура „Железници“

Владата ќе му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“ – Скопје за в.д. директор да го именува Хари Локвенец.
На денешната седница Владата донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Владата на Северна Македонија, членови на комисии, како и други кадровски прашања.
Во прилог на ова соопштение ви ја пренесуваме усвоената листа на кадровски измени на владината Комисија за именувања:
1. Бејназ Арифи да го отповика од должноста член на Надзорниот одбор на Акционерското друштво за приредување игри на среќа АД – Скопје во државна сопственост, а за член на Надзорниот одбор на Акционерското друштво за приредување игри на среќа АД – Скопје во државна сопственост, да го избере Скендер Мехмети.
2. Владата да ја прифати оставката од проф. д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ и да ја разреши од должноста член на Националната комисија за учебници.
3. Владата да ја прифати оставката од Дејан Ампев и го разреши од должноста в.д. заменик-координатор на Националниот координативен центар за гранично управување на негово барање.
4. Владата ја прифати оставката од Муса Ибраими и го разреши од должноста заменик на директорот на Агенцијата за катастар на недвижностите.
5. Арбен Ќерими да го именува за в.д. заменик на директорот во Агенцијата за катастар на недвижностите.
6. Владата ја прифати оставката од Зеќир Јакупоски да го разреши од должноста в.д. заменикот на директорот во Центарот за управување со кризи.
7. Екрем Зендели да го именува за в.д. заменик на директорот во Центарот за управување со кризи.
8. За државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Кичево да го именува Назим Сулејмани.
9. За државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на град Скопје, Авдил Јонузи, за Скопје.
10. Во согласност со член 23 став 1 алинеја 3 и став 2 од Законот за државното правобранителство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/2007 и 104/2015) на Јованка Ѓорѓеска да ѝ утврди престанок на функцијата државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрaчјето на Тетово поради исполнување услови за стекнување на правото на старосна пензија, заклучно со 24.12.2020 година.
11. Владата донесе предлог-одлука за распишување оглас за именување државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Тетово.
12. Сеадет Јусуфи да го именува за член на Управниот одбор на Центарот за стручно образование и обука претставник од Центарот за стручно образование и обука.
13. Олимпија Христова-Заевска да ја разреши од должноста член на Управниот одбор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, а за член да ја именува Ширет Елези.
14. Владата на Република Северна Македонијa заклучи да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со пасиштата – Скопје да ja избере Виолета Илиевска за в.д. заменик на директорот.
15. Владата на Република Северна Македонијa заклучи да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“ – Скопје да го именува за в.д. заменик на директорот Брахим Ајвази.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.