Регион
Ди Каприо ja прозва владата на БиХ поради уништувањето на реките

Оскаровецот Леонардо ди Каприо уште еднаш ги прозва сојузниот премиер Фадил Новалиќ и Владата на ФБиХ кои сè уште не сториле ништо конкретно за да ги заштитат реките во БиХ од изградба на мали хидроцентрали. Во својот нов пост на социјалните мрежи, Ди Каприо се осврнува на позитивните вести од Албанија, каде што областа на реката Вјоса ќе биде прогласена за национален парк. Ова го поттикна славниот актер уште еднаш да потсети на небрежноста на властите во БиХ.
„Додека чекаме сојузниот премиер и неговата влада во Босна и Херцеговина да преземат законски чекори за заштита на реките, синото срце на оваа земја, од понатамошно уништување со изградба на мали хидроцентрали, ветувачки вести доаѓаат од Албанија. Вјоса, една од последните големи диви реки во Европа, може да се спаси“, напиша Ди Каприо.
Тој потсетува дека албанскиот премиер Еди Рама на 25 септември годинава информираше дека е одбиен проектот за изградба на браната Каливац и дека областа ќе стане национален парк.
View this post on Instagram
„Очекувам добра вест за конкретни активности за трајна и целосна заштита на реките во Босна и Херцеговина, Албанија и остатокот од балканскиот регион“, заклучи актерот, пишува Кликс.
Новалиќ вчера имаше работна средба во Владата на ФБиХ со надлежните министри за, како што е најавено, краткорочни мерки и активности што ќе бидат преземени што е можно поскоро, а сето тоа врз основа на претходниот заклучок на Парламентот на Федерацијата БиХ за целосна забрана за изградба на мини хидроцентрали, како и врз основа набарањето на претставници на невладини организации од Коалицијата за заштита на реки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Маж фрли молотов коктел врз Куќата на цвеќето, го фати обезбедувањето

Белградската полиција го уапси 55-гпдишниот Г.М. под сомнение дека фрлил молотов коктел врз Куќата на цвеќето, објави српски Телеграф. По наредба на обвинителството, му е одреден притвор до 48 часа.
Тој е осомничен дека се обидел да го запали Музејот „25 Мај“, местото каде што е погребан поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, околу 6 часот утрово.
Човекот е уапсен по интервенцијата на полицијата. Нема повредени.
Пожарот ја оштетил влезната врата од Куќата на цвеќето. Според Телеграф, полицијата била повикана од обезбедувач. Тој пријавил дека еден човек дошол пред Музејот, најверојатно држејќи молотов коктел, и се заканувал дека ќе ја запали зградата.
„Се приближил до зградата и фрлил запалива течност. За среќа, обезбедувачот го фатил и ја повикал полицијата“, пишува Телеграф.
Неофицијално, се дознава дека човекот при апсењето рекол дека сакал да го запали „усташкото гнездо“.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Изгоре луксузна јахта во Будва: сопственикот бил на бродот кога избувнал пожарот

Црногорските противпожарни екипи го изгасија пожарот што избувна на јахта во марината во Будва.
Ова за црногорски „Вијести“ го потврди и раководителот на Службата за заштита и спасување на Будва.
Полициската управа соопшти дека околу 20:15 часот во неделата, полицијата во Будва била известена од сопственикот на јахта закотвена во пристаништето во Будва дека избувнал пожар додека сопственикот бил на бродот.
Јахтата е во сопственост на бизнисменот Б. М., а полицијата објави дека сопственикот на јахтата рекол дека пожарот најверојатно се случил поради дефект.
Пловилото било извлечено од пристаништето откако избувна пожарот кратко по 20 часот, заради безбедност на другите бродови. Седум екипи беа ангажирани за гаснење на пожарот.
фото: принтскрин
Регион
Турист почина кај Неа Врасна, бил извлечен од морето

61-годишен државјанин на Србија трагично почина во морската област Неа Врасна во близина на Солун.
Мажот бил извлечен во бесознание од морето денес напладне. Според соопштението на крајбрежната стража, тимот за итни случаи на ЕКАБ веднаш му укажал прва помош, но без успех, по што телото било префрлено во Здравствениот центар Неа Мадита.
Прелиминарната истрага ја води Вториот оддел на пристаништето Ставрос на пристанишната управа на Јерисос, кој нареди обдукција за да се утврди точната причина за смртта, пренесува „Прототема“.