Македонија
На инфективните одделенија во земјата се лекуваат 831 пациент
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат 689 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнително 142 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на Ковид -19, кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија, е 831, информираат од Министерството за здравство.
Во болниците во внатрешноста има 70-ина слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. По извештаите на болниците што пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 73 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 100 пациенти, во Прилеп – 110, во ковид-центарот во Гостивар – 48, а во Струга – 30 болни. Во болницата во Струмица лежат 84 пацинети, во Кочани – 31, во Кичево – 19, Кавадарци – 40, а во Гевгелија – 10 лица позитивни на коронавирусот.
Бројките се менуваат од час на час според направените приеми и исписи на пациенти. Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 12.71 и има колку 90 празни болнички кревети во ковид-центрите.
„Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. И покрај големиот наплив на пациенти во изминатите десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, велат од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

