Македонија
Шахпаска: Продолжуваaт проектите за целосна инклузија на Ромската заедница
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на деветата работна средба посветена на вклучувањето на Ромите и Ромите бегалци, насловена: „Технички дигитален состанок за спроведување на заклучоците за семинарот за Роми 2019 година“, во рамки на подкомитетот за Правда и внатрешни работи.
„Стратегијата за Ромите во Република Северна Македонија и Националните Акциски Планови, како и Декадата за вклучување на Ромите се дел од јавните политики на нашата земја, со цел вклучување и интеграција на сите етнички заедници во општеството на еднакви основи. Ова прашање е особено важно на нашиот пат кон Европската Унија, а социјалната вклученост ја градиме според стандардите на земјите членки на Европската Унија“, истакна министерката во своето обраќање.
Како особено значајни проекти во оваа сфера Шахпаска ги посочи вклучувањето на децата Роми во предучилишното образование, поголема информираност на припадниците на ромската заедница преку Ромските Информативни Центри, вклучување на невработените Роми во активните мерки за вработување, имплементирање на Законот за лица неевидентирани во Матична Книга на Родени продолжуваат со несмален интензитет.
„Неопходен е системски пристап во подобрување на статусот на Ромите во сите земји, преку конкретни мерки и активности на национално ниво, преку следење на достигнувањата, размена на информации со другите земји со една и единствена цел да се овозможи подобар економски статус и социјално вклучување на ромската популација во општеството“, истакна министерката.
Таа увери дека министерството за труд и социјална политика во рамките на надлежностите и координативната улога што ја има и понатаму ќе продолжи со имплементирање на проектите кои се препознатливи во Ромската заедница и се во насока на нивна целосна инклузија.
Воведни обраќања покрај министерката Шахпаска имаа и Марта Гарсија Фидалго, координатор за политики за Роми и Орхан Усеин, лидер на тимот од Советот за регионална соработка, Интеграција на Ромите 2020 година, а учество земаа и претставници на граѓанскиот сектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и од Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Бранко Заревски. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови
Облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Македонија
Николоски со Караџов и Маринеску во Брисел: Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, Мариан-Жан Маринеску, европскиот Координатор за коридорот Западен Балкан – Источен Медитеран, како и Матеј Законшеќ, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница.
На средбата се разговараше за регионалните инфраструктурни проекти кои го потикнуваат рагионалниот развој и економија.
Николоски информираше дека законот за ратификација на Договорот потпишан на 6 ноември 2025 година наскоро ќе биде ратификуван во Собранието.
Николоски ги запозна соговорниците и дека на техничко ниво директорите на двете железнички претпријатија заеднички почнуваат со подготовка за апликација за финансирање на проектот за тунелот.
Тој потенцира дека се очекува во месец декември или јануари да биде објавен тендерот за третата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија.
Работната агенда на вицепремиерот Николоски продолжува и утре каде ќе учествува на Самитот на министри за транспорт на земјите од Западен Балкан и министри од Европската Унија.

