Соопштенија
СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ пандемијата ја злоупотребуваат за партиски и лични интереси

„ВМРО ДПМНЕ никако не смогна сили да се дејствува како контструктивна опозиција барем за време на пандемијата од коронавирусот. Наместо поддршка, ВМРО ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски упорно се обидува да профитира политички злоупотребувајќи ги и починатите од Ковид-19“, соопшти СДСМ.
Според партијата, преку своите самопрогласени експерти, прави сè да ги поткопуваат напорите на Владата и надлежното Министерство, кои се со цел спречување ширење на вирусот.
„Мицкоски свесно нанесува штета и преку членот на Извршниот комитет на партијата, Вело Маркоски, кој скандалозно ги повикува граѓаните да не носат маски лажејќи ги дека вирусот е безопасен. Мицкоски не се грижи за граѓаните, неговата единствена грижа е како да ја зачува фотелјата во белиот дворец. Ако толку се грижеа за јавното здравје, немаше заболените и починатите од коронавирусот да ги сведуваат на бројка и статистика и од нив да прават настани на кои им се потсмеваат на жртвите. Во време кога состојбата со пандемијата на коронавирусот во европските држави и кај нас е алармантна, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се фокусирани на црна кампања против здравството, деструктивно однесување и опструкции. ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски секогаш е на спротивната страна на граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Николоски: ДУИ уште сонува дека може да ги диктира политичките услови во Македонија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на синоќешниот митинг во Кавадарци во рамки на кампањата за локалните избори меѓу другото се осврна и на актуелните политички теми. Николоски говореше за како што ги нарече црните и очајни коалиции.
„Доаѓајќи накај Кавадарци забележав дека се интензивира црната негативна кампања од нашите политички опоненти коишто се здружија со својата немоќ, се здружија свесни дека народот не ги сака и не ги почитува. Ова не се први избори на кои излегуваме, но можам да ви кажам дека вака рано, ваква црна кампања до сега не се случила, што само говори за очајот од една страна на СДСМ, која што нема никаков концепт и воопшто не се реформира и не ги учи грешките од минатото и од минатогодишниот пораз. Од друга страна ДУИ која што се уште сонува дека може да ги диктира политичките услови во Македонија, а во суштина се длабока опозиција и ќе останат длабока опозиција после овие избори. И од трета страна Левица, која целосно се изгуби во една негатива и црна кампања, оние коишто се претставуваа себеси за најголеми патриоти, сега се слуги на ДУИ и на Али Ахмети, оние кои што се претставуваа за скромни, плачат четири, пет дена пари колку да земеле од државата. И сега трите обединето водат црна кампања“, кажа Николоски.
Николоски ги повика граѓаните да не подлегнат на нивната црна кампања и народот да не се демотивира, затоа што како што вели „не сме сите исти“. Николоски посочи дека за да ставиме точка на таа црна и очајна коалиција на СДСМ-ДУИ и Левица на 19 октомври масовно треба да се на гласање.
„На 19 октомври треба да се даде поддршката за кандидатите за градоначалници и листите за советници на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што разликата е многу голема“, заклучи Николоски.
Соопштенија
Јанчев: Изградба на дом за стари лица, три катни гаражи, гасификација на Кавадарци

Изминатите 8 години се вложив максимално посветено да направам од Кавадарци модерна и урбанизирана општина. Затоа денеска стојам гордо и ја барам вашата поддршка по трет пат, за да продолжиме да работиме чесно, одговорно, и да ја градиме и развиваме Општина Кавадарци заедно со проекти и дела, истакна Митко Јанчев, кандидат за градоначалник во општина Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг.
Јанчев посочи дека изминатиот мандат има реконструирано над 100 улици, воспоставено фекална и канализациона мрежа, како и изградба на 3 училишни спортски сали во село Сопот, Мрена и Возарци.
„Одговорноста е сега уште поголема, кавадарчани очекуваат уште повеќе работа и резултати. Но, јас имам визија и стратегија, програма која ветува и се обврзува на подобар и поквалитетен живот за сите кавадарчани. Во изминативе години инвестиравме во патната инфраструктура, реконструиравме и асфалтиравме на над 100 улици во Кавадарци и населените места и поставивме фекална и канализациона мрежа.
Јанчев ја побара поддршката од кавадарчани, за како што рече тој, Кавадарци да продолжи да се развива и да оди напред.
Во следниот 4 годишен мандат, Јанчев вети доградба на скијачката патека „Кожувска Панорама“, изградба на дом за стари лица, гасификација на Кавадарци“.
Порача дека кавадарчани на 19 октомври гласаат за својата иднина, за проекти и дела.
„Ве повикувам работата да ја завршиме уште во првиот круг на 19 октомври, да излеземе обединети, сплотени да дадеме поддршка и за советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со заокружување на бројот 9 вие гласате за вашата иднина, за проекти и дела, за развој и сигурност. Гласајте за вашиот градоначалник, гласајте за советниците од нашата листа, гласајте за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. Ова е победа за Кавадарци, за Македонија и за иднината на нашите деца. За твоето место, за твојата иднина и со твојот човек, за сите нас“, заклучи Јанчев.
Соопштенија
Нацева: Неготино ќе добие нов градски плоштад и кружен тек

На денешниот митинг во општина Неготино, кандидатката за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Нацева истакна дека преку реализација на конкретни проекти, Неготино и населените места ќе бидат уште попристојни и поубави за секојдневно живеење и функционирање.
„Секој граѓанин е важен, секој граѓанин заслужува да го добие должното внимание, да биде слушнат, да се разговара со него, да се разменат идеи, мислења и предлози“, нагласи Нацева.
Најави проекти за уредување на центарот на Неготино, со изградба на нов градски плоштад и кружен тек.
„Изградба на нов градски плоштад, изградба на кружен тек, реконструкција со рехабилитација на главната улица Маршал Тито, реконструкција на тротоари на улица Маршал Тито и на улица Партизанска, реконструкција на патот од Долни Дисан до Горни Дисан, реконструкција на улица Ленинова, реконструкција во населено место Криволак и многу други проекти кои ќе значат подобар и поквалитетен живот за сите неготинчани“, рече Нацева.