Економија
Георгиевска: Со Буџетот обезбедуваме над 115 милиони евра поддршка за компаниите
Со буџетот за 2021 година, обезбедуваме над 115 милиони евра поддршка за компаниите, истакна на прес-конференција, пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска.
Предлог буџетот утре влегува во собраниска процедура, а од СДСМ велат дека тој има три значајни цели: да обезбеди поддршка и унапредување на здравствениот сектор, пред се заштита на здравјето и на животот на сите граѓани; да го поддржи економското заздравување, односно да се помогнат сите оние микро, мали, средни и големи компании, кои имаат потреба од помош во справувањето со последиците од пандемијата; да се одржат и унапредат основните функции на државатта и да овозможиме ефикасно спроведување на потребните реформи.
„Буџетот за 2021 година ја потврдува заложбата на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев за силна поддршка на стопанството, преку спас на работните места, поддршка на конкурентноста на компаниите, како и раст на платите. За таа цел Буџетот за 2021 година преку неколку програми обезбедува поддршка во вкупна вредност од 7,1 милијарда денари или 115,5 милиони евра. Од овие средства 1,9 милијарди денари ќе се насочат за поддршка за формирање на нови компании, преку самовработување и вработување на други невработени лица, но и обуки за невработените“, рече Герогиевска.
Нагласи дека со мерките од Планот за економски раст, односно поддршка на компаниите преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции и Програмата за поддршка на микро, мали и средни компании на Фондот за иновации и технолошки развој, наменети се над 2,5 милијарди денари или околу 41,1 милиони евра.
Овие средства, како што истакна Георгиевска, ќе бидат ставени на располафање за инвестиции во изградба на хали и набавка на машини на домашни и странски компании во Технолошко-индустриските развојни зони, но и за компании надвор од нив. Од овие над 41 милион евра, околу 11,4 милиони ќе бидат наменети за програмите на Фондот за иновации и технолошки развој, а дополнителни 2 милиони евра ќе бидат обезбедени со поддршка на Светска банка.
Буџетот за 2021 година носи конкретна помош за стопанството и решенија за здравствените и економските последици од коронавирусот.
„Како партија предводник на парламентарното мнозинство го повикуваме сите пратеници низ отворена, конструктивна дебата во Собранието, да дадат поддршка и да гласаат за усвојување на Буџетот. И во следната 2021 година, грижата за сите продолжува уште повеќе и уште подобро“, додаде Георгиевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

