Економија
Состанок со новиот извршен директор во ММФ: високите стандарди во работењето на централната банка се клучни за ММФ
„Претставувајќи ја конституентата на која припаѓа Северна Македонија, ќе се залагам ММФ и натаму да дава силна поддршка за вашата земја во спроведувањето на реформите и во активностите за надминување на актуелната криза која е глобален предизвик“, истакна новиот извршен директор во ММФ, Пол Хилберс, член на Извршниот одбор на ММФ и задолжен за нашата земја, на првиот состанок со раководството на Народната банка по почнување на мандатот.
На состанокот, кој се одржа видеоконоференциски, Хилберс истакна уверување дека Народната банка ќе продолжи да придонесува за успешната соработка и комуникација помеѓу Северна Македонија и ММФ, а во тој контекст и за остварување на залагањата на конституентата.
„Независноста, професионализмот и високите стандарди во работењето на централната банка се клучни за ММФ, особено за оценувањето на економијата. Од нив во голема мера зависи и поддршката што ММФ ја дава за секоја земја членка. Во последните неколку месеци вашата централна банка докажа дека може да работи во согласност со високите меѓународни стандарди и добрите глобални практики и потребно е да остане на веќе трасираната патека“,нагласи извршниот директор во ММФ.
Притоа тој, коментирајќи ги актуелните околности предизвикани од ковид-кризата, посочи дека е од исклучителна важност што во севкупниот период се одржува финансиската стабилност во земјата, а истовремено се спроведува и соодветна монетарна политика.
„Независната централна банка е гарант и на финансиската и на макроекономската стабилност, а тоа е од есенцијално значење за оцената на ММФ“, истакна Хилберс.
Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ја истакна важноста на соработката со ММФ за економијата во целина и дека во тој контекст, особено се значајни залагањата на конституентата на која припаѓа нашата земја.
„Народната банка во рамките на својот мандат, како и досега, ќе го дава максимумот. Постојано ги следиме трендовите и потенцијалните ризици од контекстот на актуелната глобална криза заради соодветна реакција, доколку тоа е потребно, заради ублажување на ефектите врз економијата. Тоа дополнително ја засилува потребата од комуникација и соработка со ММФ, при што особено е значајна улогата на конституентата“, посочи, меѓу другото , Ангеловска-Бежоска.
На состанокот се разговара и за најновите видувања на ММФ за македонската економија. ММФ очекува економската активност да закрепне во текот на следната година, но дека вториот бран на пандемијата претставува ризик за интензитетот на закрепнувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)