Забава
Забранет влез за пејачот Владо Георгиев во Црна Гора до 2030 година
Полициската управа на Херцег Нови му забрани влез на српскиот пејач Владо Георгиев во Црна Гора до 2030 година, соопшти адвокатската канцеларија Томановиќ, надевајќи се дека оваа одлука ќе биде поништена.
Како што се наведува, Министерството за внатрешни работи најпрвин ја усвоило жалбата на канцеларијата на Томановиќ, која го застапува Георгиев, во која се наведува дека забраната за влез е законски неодржлива бидејќи не е наведена причината поради која тој би бил забранет. Но, потоа полициското одделение во Херцег Нови на Георгиев му изрекло забрана за влез за 10 години.
„Во меѓународната правна практика секогаш постои форма на деградирачки третман на индивидуа кога државата постапува без легитимна цел, непропорционално и наменско навредување на поединецот затоа што странец има права загарантирани со многубројни меѓународни правни документи при влез во земјата“, наведува адвокатската канцеларија.
Во соопштението се изразува уверување дека второстепениот орган ќе ја прифати правната аргументација и ќе ја откаже забраната за влез на Георгиев во Црна Гора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кендал Џенер: Бев многу љубоморна на сестра ми Кајли
Манекенката Кендал Џенер во новата епизода на реалити-серијата The Kardashians откри дека како тинејџерка била љубоморна на својата помлада сестра Кајли, затоа што родителите имале многу полабав однос кон неа.
„Кајли пушеше трева пред мене, и јас се налутив. ѝ реков: ‘Ти си дегенерик!’“, раскажа Кендал, додавајќи дека вистинската причина била љубомората — „бев љубоморна што не бев толку слободоумна како неа“.
На крај, призна дека и самата им се придружила и дека „си поминале супер“. Според неа, тогаш имале само 16 и 14 години.
Кајли потврди дека, како најмладо дете, успевала да избегне многу родителски правила. „Мама беше построга со постарите, а со мене веќе беше поопуштена,“ рече таа, додавајќи низ смеа дека Кендал во тие години била „вистински хејтер“.
Забава
(Видео) Колин Фарел: Бев мамурен на снимање со Том Круз, сцената ја повторивме 46 пати
Ирскиот актер Колин Фарел раскажа анегдота за еден од најлошите денови во својата кариера — снимањето на филмот Minority Report во 2002 година со Том Круз.
Во гостување кај Стивен Колбер, Фарел рече дека снимале токму на неговиот роденден, откако претходната ноќ ја поминал славејќи. „Во шест наутро дојде возачот, а јас едвај што легнав. Бев ужасно мамурен“, призна актерот, додавајќи дека како „лек“ побарал шест пива и пакла цигари.
Поради мамурлак, сцената со Круз морале да ја повторуваат дури 46 пати. „Не можев да ја изговорам реченицата. Том, кого многу го почитувам, не беше баш среќен“, изјави Фарел.
Актерот потсети дека две години подоцна отишол на одвикнување од алкохол и дрога и од 2005 година е трезен, а неговата кариера повторно заблескала, што го потврди и номинацијата за „Оскар“ во 2023 година.
Забава
Џон Бон Џови: Не сум правел естетски зафати и не планирам
Рок ѕвездата Џон Бон Џови (68) во подкастот How to Fail зборуваше за стареењето и односот кон естетските зафати. Тој изјави дека никогаш не би се подложил на операции или ботокс.
„Никогаш нема да одам на операции. Косата ми е седа, но барем ја имам. Немам направено ништо — ни ботокс, ни корекција на очи или усни. Не ме интересира тоа“, рече пејачот.
Бон Џови додаде дека го мрази фарбањето коса.
„Пред околу 13 години решив да ја оставам природна.“
Иако призна дека не е целосно задоволен кога ги гледа своите стари фотографии, рече дека најважно му е здравјето: „Може секогаш да заработиш пари или да напишеш песна, но здравјето е клучот на универзумот.“
Во интервјуто спомена и дека ужива во новата улога на дедо, откако неговиот син Џејк и актерката Мили Боби Браун ова лето посвоиле ќерка.

