Свет
Владимир Макеј: Минск ќе стави високи претставници на ЕУ на црната листа
Белорусија ќе стави на црната листа голем број високи функционери од Европската Унија и некои европски нации, рече министерот за надворешни работи, Владимир Макеј, пренесува ТАСС.
„Ако нè повредат, ако ни воведат санкција, ќе мора соодветно да одговориме. Знаете дека ЕУ воведе дополнителни санкции за 15-ина лица. Ние исто така ќе ја прошириме листата за санкции и ќе вклучиме високи функционери од ЕУ и од голем број европски држави“, рече тој во интервју за телевизискиот канал „Белорусија-1“.
Макеј потсети дека противниците на белоруските власти, кои претходно повикуваа само на поостри лични санкции против белоруските власти, сега инсистираат на засилување на економските санкции против земјата.
„Според мене, повиците за економски санкции изразени од белоруската опозиција не се само глупава работа, тие се голема закана за државноста на Белорусија. Ако некој мисли дека така ќе направи добро, во заблуда е. Нормално, ќе разговараме со нашите западни партнери за ова прашање“, рече тој.
„Ако некој сака пожар во овој регион, Минск ќе најде начин да одговори. И во овој случај, ќе биде жешко и за Белорусија“, нагласи Макеј.
Макеј вети дека неговата земја никогаш нема да иницира никакви деструктивни чекори против своите партнери.
„Ние се залагаме за логиката на соработка, никогаш нема да бидеме иницијатор за какви било деструктивни активности против нашите партнери“, нагласи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

