Македонија
Шилегов: Зимската служба е спремна и оваа година снегот нема да ја изненади
Скопските градски власти информираат дека за претстојната зимска сезона обезбедени се околу 4.000 тони индустриска сол, од кои речиси 1.000 тони се резерва од минатата година.
Градоначалникот Шилегов денеска го посети пунктот на зимската служба во кругот на фабриката „Железара“ и се увери дека обезбедени се и 350 тони ладна асфалтна маса за санација на оштетените сообраќајни површини.

„Град Скопје и годинава, како и во изминатите четири години, е подготвен за претстојната зима и за зимското одржување на улиците за кои е надлежен, а снегот и оваа година нема да ја изненади зимската служба“, порача Шилегов.
Обезбедените ресурси на зимската служба се складирани во трите пункта на ЈП „Улици и патишта“ – асфалтната база во кругот на фабриката „Железара“, старата механизација на улицата Христо Татарчев во Кисела Вода и во Ѓорче Петров на улицата Лепенец.

Во пунктовите се организирани 24-часовни дежурства, а ресурсите ќе се употребуваат во согласност со временските услови.
И оваа година Град Скопје ќе ангажира дополнителна механизација од 18 камиони од фирмата „Аполо“, кои се опремени со навигациски уреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.
Македонија
Дел од улицата Партение Зографски денес без струја
ЕВН Македонија извести дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од ул.Партение Зографски од раскрсницата со ул.Рилски Конгрес до Бул. Тодор Александров ( општина Центар )
Македонија
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Битола-Државна граница со Грција
Во 20:00 часот на крак А-3 Битола – Државна Граница со Р.Грција во близина на крстосница за с.Бистрица и с.Оптичари, случена е сообраќајна незгода, поради што сообраќајот на патниот правец Битола – Држ. граница е во прекин и истиот ќе се пренасочи низ.с.Бистрица и с.Породин соопшти АМСМ.

