Свет
Претседателот на Украина оздраве од коронавирусот

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека оздравел од коронавирусот и ги повика своите сонародници да носат маски и да ја почитуваат физичката дистанца затоа што пандемијата силно се шири во таа земја.
„Конечно, имам негативен резултат“, објави Зеленски на „Фејсбук“ две недели по добивањето на првиот позитивен тест.
Насмеаниот Зеленски (42) преку видео објави дека се враќа во канцеларијата.
Шефот на украинската држава рече дека имал само благи симптоми, а по самоизолацијата, поминал извесно време во државна клиника.
„Мораме да се заштитиме што е можно повеќе со носење медицински маски, одржување физичка дистанца, земање витамини и изолација на пациентите“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ненадејно лизгање на земјиштето во Судан, повеќе од илјада мртви

Најмалку илјада луѓе загинаа во катастрофално лизгање на земјиштето во оддалечените планини Мара во западен Судан, соопшти бунтовничката група Суданско ослободително движење/армија (SLM/A), објави Би-би-си Њуз.
Денови поројни дождови го предизвикаа лизгањето на земјиштето во неделата, за кое групата рече дека оставил само еден преживеан и „срамнило со земја“ голем дел од селото Тарасин.
Движењето, кое ја контролира погодената област, упати итен апел за хуманитарна помош до Обединетите нации и други регионални и меѓународни организации.
Регионот на планините Мара стана засолниште за многу жители на државата Северен Дарфур кои беа принудени да ги напуштат своите домови поради борбите меѓу суданската армија и паравоените сили за брза поддршка (RSF).
фото: принтскрин
Свет
Белгија: Ќе ја признаеме Палестина, разгледуваме санкции против Израел

Белгија ќе признае палестинска држава на Генералното собрание на ОН, изјави министерот за надворешни работи Максим Прево, зголемувајќи го меѓународниот притисок врз Израел по сличните потези на Австралија, Велика Британија, Канада и Франција.
Под растечките глобални критики за војната во Газа, Израел е незадоволен од најавите на голем број земји дека формално ќе признаат палестинска држава на седница на телото на ОН подоцна овој месец.
Белгија ќе им се придружи на потписниците на Декларацијата од Њујорк, отворајќи го патот за решение со две држави, или палестинска држава која мирно коегзистира покрај Израел, рече Прево во објава на X.
Одлуката доаѓа „во светлината на хуманитарната трагедија што се одвива во Палестина, особено во Газа, и како одговор на насилството што Израел го врши кршејќи го меѓународното право“, додаде Прево.
Белгија, исто така, ќе разгледа воведување 12 санкции врз Израел, како што се забрана за увоз на производи од неговите населби и преиспитување на политиките за јавни набавки со израелски компании, како и прогласување на лидерите на Хамас за персона нон грата во Белгија, рече Прево.
фото: принтскрин
Свет
(Фото) Виетнам слави: делат пари, ослободуваат затвореници, организирана голема парада

Виетнам ја одбележа 80-годишнината од својата независност од колонијалната власт со најголемата воена парада во последниве децении, масовна парична помош и ослободување на речиси 14.000 затвореници.
Десетици илјади луѓе ги исполнија улиците на главниот град Ханој, повеќето облечени во црвени маички и мавтајќи со виетнамски знамиња, во моќен приказ на национализмот во комунистичката земја.
На парадата беше претставена најнапредната воена опрема на Виетнам, вклучувајќи широк спектар на тенкови, ракети, хеликоптери и борбени авиони. Илјадници виетнамски војници и воен персонал од Кина, Русија и други земји учествуваа во прославите.
„Ние сме непоколебливи во нашата посветеност на одбраната на независноста, слободата, суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата татковина, до секој свет сантиметар земја“, рече лидерот на Виетнамската комунистичка партија, То Лам, отворајќи ја парадата.
„Оваа решителност се заснова на обединетата сила на нашата нација: политичка, економска, културна, научна, технолошка, воена, дипломатска и, пред сè, волјата на нашиот народ“, додаде тој.
фото: принтскрин