Македонија
Oсмани: Верувам дека со нашите пријатели и соседи ќе го надминеме проблемот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау, со цел размена на мислења за актуелни прашања од билатералните односи помеѓу двете земји, соработката во рамките на меѓународните организации и за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.
„Северна Македонија активира огромна политичка енергија за да ја врати земјата на патот на ЕУ. Решивме непремостливи предизвици, кои на сите им се чинеа како невозможна мисија. Успеавме зашто имавме силна мотивација – европска перспектива за нашата земја и за нашите граѓани. Ние велиме овој процес нема алтернатива“, истакна Османи.
„Верувам дека со нашите пријатели и соседи ќе го надминеме проблемот и ќе бидеме повторно пример за моќта на дипломатијата и дијалогот. Секој проблем е поинаков и специфичен, но дијалогот и дипломатијата остануваат најдобриот пристап во нивното решавање. Како политичари во своите земји им должиме на граѓаните да ги решаваме проблемите, да го одржуваме мирот и да создадеме услови за развој и подобар живот за сите“, нагласи Османи за време на разговорот.
Посебен акцент во разговорот беше ставен на соработката во рамките на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), со која Полска ќе претседава во текот на 2022 година. Оваа соработка, чија цел има промоција на вредностите врз кои почива Организацијата – демократијата, мирот и стабилноста преку изградба на довербата преку дијалог и транспарентност, добива значење во контекст на кандидатурата на Северна Македонија за претседавање со ОБСЕ во 2023 година, која треба да биде разгледана на состанокот на министерскиот совет на ОБСЕ на почетокот на декември.
Министерот Османи го истакна значењето на кандидатурата на нашата земја како израз на нејзините постигнувања на домашен план и желбата да дадеме придонес и во мултилатералните организации преку операционализација на целите на ОБСЕ како иден претседавач со Организацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Дали Росица му праќала пораки на Тошковски да моли за помош, прашува Кузеска

Убиството на Росица не смее да биде заборавено. Убиството бара одговори, бара одговорност и будност и голема сериозност на институциите, а не префрлање на вина еден на друг, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.
“Очајно ми треба помош” – напишала младата Росица пред насилникот да и го одземе животот.
Во јавноста се појавија пораки од Росица наводно испратени до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во кои таа зборува за нејзиниот страв и очајно бара помош. Кузеска го праша министерот за внатрешни работи дали пораките стигнале до него.
“Сѐ надевам дека пишувам на право место и дека конечно некој во оваа држава ќе отвори уши и очи за мојата безизлезна ситуација. Човекот кој од декември наваму, ме демне, ме тепа, ми нанесува друг вид на насилство, силува, прогонува и последно пред 5 дена ми ја запали колата е сеуште на слобода”, пишува во пораката која наводно е испратена до министерот Тошковски.
Дали оваа порака Почитуван министре стигнала до вас пред 5 месеци ? Ако стигнала, што сте направиле“.
Како што вели прашува, бидејќи наводно во таа порака на Росица е објаснета нејзината целосна голгота низ институциите, името на обвинителот, но и тоа дека на човекот кој ја уби Росица и покрај сите терори кои ги трпела и ги пријавила уредно, стои дека пасошот му е вратен од страна на МВР.
„Вратен му е пасошот од МВР и во моментов слетува во Берлин” напишала Росица.
Ако е така, вели Кузеска, тогаш граѓаните со сигурност може да заклучат дека се оставени сами на себе кога се работи и за нивниот живот и дека залудно пријавуваат насилство, закани, демнење.
„Смртта на Росица е трагична. И ниту еден коментар од послушниците на власта не можат да ја намалат сериозноста на непостапувањето на институциите да го спасат животот на оваа млада жена. Ниту Миленко Неделковски, ниту било кој од власта, кој се обидува да ја префрла топката еден на друг. Каде во оваа држава човек треба и може да се обрати доколку му се закануваат по живот? Доколку го тепаат, му палат автомобил? Каде може да пријави една жена за да знае дека таа и најблиските ќе бидат сигурни?
Росица не молчела! Росица пријавувале секогаш кога стравувала за својот живот, а нејзиниот живот и животот на нејзиниот татко згаснаа“.
Македонија
Вчера 644 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода пет лица поради безобзирно управување со возило

Во текот на вчерашниот ден во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, вкупно беа издадени 644 платни од кои што во најголем дел се сообраќајните прекршоци што се однесуваат на непрописно паркирање 183, како и на управување на возило со брзина поголема од пропишаната 158 прекршоци, известува МВР.
„Покрај ова во текот на вчерашниот ден, согласно одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, беа изречени и 82 прекршоци за возачи што управувале возила без возачка дозвола, потоа евидентирани биле 33 прекршочни санкции за користење на мобилен телефон и 37 прекршоци заради неносење сигурносен појас, додека пак за неносење заштитен шлем биле санкционирани 27 возачи на мотоцикл.
Исто така, санкционирани се двајца возачи на електрични тротинети, петмина возачи што минале на црвено светло како и 10 возачи што управувале возило со недозволено количество алкохол во крвта. Воедно од страна на полициските службеници вчера беа лишени од слобода и петмина возачи на кои што ќе им бидат поднесени кривични пријави по основ на член 297-а од КЗ на РСМ („безобзирно управување моторно возило“) затоа што кај нив се детектирани вредности на алкохол во крвта над 1,5 промили. Инаку, согласно Законот за возачи вчера од сообраќај беа отстранети 16 возила заради непоседување важечка сообраќајна дозвола, како и четири возила заради техничка неисправност.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопшти МВР.
Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги закочи реформите во правосудството и го партизира со баџанаци и сопружници на нивни функционери

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги блокираа реформите во судството а со тоа и правдата во Македонија. Мицкоски одби да ги донесе неопходните реформски закони и покажа дека нема никаква намера за независно судство туку само едно, заробено и послушно судство, под диктат на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.
„За 2025 година беа предвидени вкупно 12 закони, од нив, во Собранието не е поднесен ниту еден.
Наместо реформи и независно судство, Мицкоски судството го претвори во партиска филијала, со судии кои се сопружници на негови градоначалници и роднини на неговите коалициски партнери.
Без вистински реформи во судството и независни институции нема правда. Затоа Мицкокси треба да молчи и да не го обвинува СДСМ за реформи кои самиот не ги прави.
СДСМ подаде рака, понуди помош за реофрмите, понуди заеднички групи, ВМРО-ДПМНЕ одби се. Тоа е јасен показател дека ниту имаат интерес ниту сакаат независно и ефикасно судство.
За крај им порачуваме да прекинат да глумат опозциција, за секоја своја неспособност крив им е СДСМ. Ова е веќе дегутантно и граѓаните се смеат на нивните оправдувања“, соопшти СДСМ.