Македонија
Отворено писмо од група македонски интелектуалци: „Идентитетот не смее да биде основа за политички диктат“
Шеест и двајца македонски интелектуалци испратија отворено писмо во врска со актуелните политички и општествени случувања во односите со Бугарија, во кое децидно велат дека историјата на македонскиот народ, македонскиот јазик, македонската култура и литература, односно сето она што го дефинира македонскиот идентитет, не смее да биде основа за политички диктат, ниту предмет на расправа на заедничките комисии.
Во продолжение целото писмо:
„Како проучувачи на македонската историја и култура континуирано реагираме на современите политички и општествени предизвици со пишан збор и со јавен настап. Постојано укажуваме на тоа дека целта на ИСТОРИЈАТА како наука е да нè подучи свесно да го разбереме минатото за правилно да се однесуваме во сегашноста и правилно да постапуваме во иднина. Затоа и ја претпочитаме нејзината научна закономерност пред политичките и идеолошките влијанија, притисоци и импровизации на политичките фактори.
Оттука, уште пред три години аргументирано и јасно укажавме на асиметричниот карактер на договорот за добрососедство со Бугарија и на штетните последици што ќе произлезат од него. Исто така, укажавме и на сериозните обврски што ги презема Република Македонија со потпишувањето на преспанската спогодба со Грција, што резултира не само со промена на уставното име туку и со откажување од асномските државотворни одлуки. Ова, пак, влијаеше и на внатрешниот и на надворешниот политички живот на македонската држава втемелена на решенијата на Првото заседание на АСНОМ одржано токму на историскиот 2 август 1944 година и создадена од претставници од сите краишта на етногеографска Македонија, од сите социјални слоеви, вери и националности. АСНОМ претставува заокружување на дотогашните борби на македонскиот народ, кој во сите историски бури – старомакедонски, Климентови, Самуилови, Карпошови, илинденски, партизански, референдумски и др., внесува своја содржина. Во сите овие процеси на заемна интеракција и симбиоза на единствениот простор – Македонија, се одвива посебниот историски развој на македонскиот народ, се создава неговиот идентитет.
Токму затоа ние, потписниците на ова писмо, најостро реагираме на негаторската политика што ја застапува бугарската влада и уште еднаш најенегрично изјавуваме дека историјата на македонскиот народ, македонскиот јазик, македонската култура и литература, односно сето она што го дефинира македонскиот идентитет не смее да биде основа за политички диктат, ниту предмет на расправа на т.н. заеднички комисии.
Сметаме дека актуелните политички и општествени чинители треба да дејствуваат во насока на заедничко разбирање и на заемно почитување на сите народи и тоа врз основа на демократските начела на современото цивилизациско поимање, без да се проблематизираат посебните македонски вредности што се создадени во текот на изминатите векови. Едногласна е нашата определба да го повикаме македонскиот политички врв да не подлегне на притисоците и да не дозволи присвојување на македонската историја, на македонскиот јазик и на македонското културно наследство, како и негирање на македонскиот национален идентитет од страна на Р Бугарија или на која било друга земја зашто тоа е во спротивност и со вредностите и со принципите на кои е изградена и функционира Европската Унија“, се наведува во писмото.
Потписници:
проф. д-р Новица Велјановски
проф. д-р Нада Јурукова
проф. д-р Тодор Чепреганов
Ефтим Клетников, поет и книжевен критичар
проф. д-р Наташа Котлар-Трајкова
проф. д-р Михајло Миноски
проф. д-р Лилјана Гушевска
проф. д-р Виолета Ачкоска
проф. д-р Илија Велев
проф. д-р Симона Груевска-Маџоска
проф. д-р Ѓорѓи Чакарјаневски
проф. Запро Запров, копозитор и диригент
проф. д-р Катерина Младеновска-Ристовска
проф. д-р Танас Вражиновски
проф. д-р Александра Ѓуркова
проф. д-р Валентина Миронска-Христовска
проф. Стојан Стојков, копозитор
проф. д-р Александар Трајановски
проф. д-р Елка Јачева-Улчар
проф. д-р Александар Атанасовски
проф. д-р Веселинка Лаброска
проф. д-р Јованка Кепеска
проф. д-р Гоце Цветановски
проф. д-р Силвана Сидоровска-Чуповска
проф. Сашо Татарчевски, диригент
проф. д-р Васил Јотевски
проф. д-р Константин Миноски
Фима Клетникова, поетеса
проф. д-р Коста Аџиевски
проф. д-р Тони Филипоски
проф. д-р Марјан Ивановски
проф. д-р Катица Јосифова
проф. д-р Благоја Марковски
доц. д-р Славчо Ковилоски
проф. д-р Мишо Нетков
проф. д-р Верица Јосимовска
проф. д-р Цветан Гавровски
проф. д-р Слободан Пренџов
проф. д-р Виолета Мирчевска
проф. д-р Билјана Маленко
проф. д-р Стеван Алексоски
проф. д-р Илија Димовски
проф. д-р Ристо Ачкоски
проф. д-р Мимоза Серафимова
проф. д-р Ѓоко Буневски
доц. д-р Соња Николова
д-р Ѓорѓија Сајкоски, историчар
м-р Ивона Опетческа-Татарчевска, етномузиколог
д-р Марија Мицајкова-Панова, лекар интернист
Јонче Маленко, професор по историја
Слободанка Филиповска, професор по историја
Селим Мерсимовски, професор по историја
Доне Донев, профeсор по македонски јазик
Љубинка Донева, професор по македонски јазик и писателка
Дардан Венетски, диломиран правник
Александар Панов, дипломиран правник
Лидија Николоска, дипломиран електроинженер
Душко Христов, новинар од областа на културата
Нада Панајотова, професор по историја
Кире Николоски, професор по историја
Марија Јанева, професор по историја
Диме Јуруков, професор по географија, архиски советник
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Долно Соње, од продавнивницата кон село Чифлик, општина Сопиште.
Македонија
Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан
Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан, извести АМСМ.
Поради протест на грчките земјоделци, од денес (08.01.2026) со почеток во 10:00 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа заклучно со 10.01.2026 во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по влажни коловози.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Продор на постуден воздух, температурите ќе бидат во опаѓање
Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во опаѓање.

