Свет
Петмина загинати и 18 повредени во терористички напад во сириски Ал Баб
Пет цивили ги загубија животите, а 18 цивили се повредени при експлозија на автомобил бомба во областа Ал Баб во Северна Сирија, пренесува „Анадолија“.
Бомбата што е детонирана била поставена во возило во центарот на областа Ал Баб, во провинцијата Алепо, која беше исчистена од терористите со турската операција „Штитот на Еуфрат“ во февруари 2017 година.
Според првите процени, во терористичкиот бомбашки напад 5 цивили го загубиле животот, а 18 се повредени. Пожарникарите што пристигнале на местото на настанот интервенираат за да се изгасне пожарот, а ранетите лица се пренесени во болниците во Ал Баб.
Постои загриженост од зголемување на бројот на жртвите. По експлозијата, настаната е голема материјална штета, а голем број возила не се во употреблива состојба.
Локалните безбедносни сили, кои спроведуваат истрага на местото на настанот, ја потенцираат можноста нападот да го извршила терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК, која под окупација ги држи регионите Тел Рифат и Манбиџ, често организира терористички напади во регионите Ал Баб, Азаз, Џарабулус и Африн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

