Забава
„Пипл“ најавува уште најсекси мажи во повеќе категории
Како добро вино, овие sвезди стануваат посекси со возраста – но, Бред Пит е оној што ги натера читателите на „Пипл“ да гласаат и официјално да биде именуван за секси емеритус – во конкуренција на Џорџ Клуни, Дензел Вашингтон, Роберт Редфорд и Идрис Елба.
Минатата недела уредниците на престижното списание го прогласија актерот Мајкл Б. Џордан за најсекси маж на планетата за 2020 година.
Секоја година „Пипл“ прогласува најсекси маж. Оваа година таа чест му припадна на Мајкл, но има премногу секси мажи во светот за да се издвои само еден.
Поради тоа, магазинот има десетина други категории во кои и други мажи одат дома со титула. Некои таблоиди ги објавија резултатите од најновата анкета.
Читателите гласаа за најсекси мажи во повеќе категории – од најсекси нов татко до најсекси маж со маска.
Добитници за 2020 година по избор на читателите се следниве:

Принцот Хари е најсекси ројал или член на кралско семејство. Принцот Хари, кој се откажа од кралската титула на почетокот на оваа година, сè уште се смета за најсекси ројал. Тој ги победи шведскиот принц Карл Филип, принцот Феликс од Луксембург, принцот Матен од Брунеи и сопствениот брат, принцот Вилијам.

Најсекси браќа – Крис, Лијам и Лук Хемсворт се избрани за најсекси браќа во светот.

Најсекси ѕвезда на малиот екран – Јенсен Аклс

Најсекси спортист – Патрик Махомес

Најсекси среќен маж – Рајан Рејнолдс

Најсекси нов тато – Џо Џонас. Многу од славните станаа татковци првпат оваа година. Џо Џонас, кој е оженет со Софи Тарнер, доби најмногу гласови во оваа категорија. Ги остава зад себе Ед Ширан, Артем Чигвинцев, Зејн Малик и Џошуа Џексон.

Најсекси ѕвезда на „Јутјуб“ – Дејвид Добрик
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Трендот од 80-тите е повторно хит: Ќе го носиме со задоволство
Фармерките „цигара“, препознатливи по нивната тесна силуета и прав крој од коленото до глуждот, повторно ја освоија модната сцена.
Како што сугерира нивното име, нивниот облик наликува на цигара, а нивната должина до глуждот буди носталгија за минатите децении што ги проткајуваат современите трендови. Овој модел, што го прославија некои од најголемите стилски икони, е совршена комбинација од популарни тесни и прави кроеви, пишува Vogue Arabia.
Модните трендови за пролет и лето 2026 година ја вратија ретро естетиката во фокусот, а меѓу најбараните парчиња се овие фармерки што и ласкаат на фигурата. Нивниот крој прецизно ја следи линијата на колковите, додека ногавиците остануваат малку опуштени, создавајќи силуета што е тешко да се игнорира.
Со нивната енигматична привлечност и атрактивен крој, фармерките „цигара“ ја потврдија својата релевантност и станаа омилен избор на модерните жени кои диктираат трендови.
Бунтовничкиот стил на кралицата на попот
Во 1980-тите, фармерките „цигара“ беа клучен дел од еден од највпечатливите изданија на Мадона, вистински пионер на многу трендови. Нејзината естетика и денеска одекнува во комбинациите на најдобро облечените жени, а формулата е едноставна и ефективна: фармерки со свиткани ногавици, бела маица со V-изрез и неизбежната кожна јакна.
Кралската лежерна природа на принцезата Дијана
Од друга страна, принцезата Дијана им даде на овие фармерки сосема поинаков тон. Во нејзината верзија, таа ги носеше со каубојски чизми, спортска кошула и пругасто сако. Тоа беше нејзиниот препознатлив лежерен стил кој вешто ги комбинираше формалните и неформалните парчиња и ги избриша границите на класичната облека, докажувајќи дека елегантната жена не мора да се откаже од удобноста.
Безвременска комбинација за градските улици
А што добивате кога ќе ги комбинирате обете формули? Резултатот е безвременски изглед со кој речиси секоја жена експериментирала барем еднаш. Фармерките во средно-сина нијанса и свиткани ногавици, едноставна бела маица, преголема јакна и чевли инспирирани од спортска елеганција создаваат впечаток на опуштеност што е целосно во согласност со актуелните трендови.
Едноставност за секој ден
Тајната на добриот стил на фармерки често лежи во едноставноста. Комбинацијата со основна маица или џемпер и класични патики е непогрешлив избор за секојдневни пригоди. Како и во осумдесеттите години, додатоците се тие што го подигнуваат целокупниот изглед – елегантен беж тренч мантил ѝ дава на комбинацијата поформален тон, додека кренатата коса и малата чанта ја нагласуваат женственоста.
Од канцеларија до вечерно излегување
Стиловите од минатото лесно се прилагодуваат на денешните потреби. Популарноста на овие фармерки ги направи идеален избор за секој ден, оставајќи простор за нови толкувања. За деловен или лежерен вечерен изглед, комбинирајте го стилот до глужд со едноставна маица, јакна со струк и елегантни сандали со тенки ремени – совршена рамнотежа помеѓу удобноста и современиот стил.
Забава
Припадниците на два хороскопски знаци водат двоен живот
Во астрологијата, постојат знаци кои се издвојуваат по нивната способност да водат двоен живот – не мора со лоши намери, туку затоа што се вешти во криењето на својата интимност, преференции и вистински желби.
Тие не лажат отворено, но честопати не откриваат сè. Нивните најблиски можат да живеат до нив со години без навистина да знаат што навистина чувствуваат, сакаат или прават кога вратата е затворена.
Шкорпија
Шкорпиите се познати по својата емоционална длабочина, но и по нивната вродена мистериозност. Тие не ги споделуваат своите мисли лесно, а многу од нив водат паралелни емоционални или професионални животи. Ова не мора да значи неверство или измама, но често укажува на внатрешен свет кој е толку богат и интензивен што им е тешко целосно да им го покажат на другите.
Шкорпиите можат да имаат работа за која сите знаат и друга за која не се зборува, партнер со кој се секој ден и личност која никогаш не ја преболеле. Нивниот двоен живот е повеќе психолошки отколку конкретен – и затоа е уште поопасен.
Близнаци
Близнаците се познати по својата двојност и недостижност. Нивната љубопитност и потреба за разновидност честопати ги водат низ паралелни интереси, општества и идентитети. Тие можат да бидат сосема различни на работа отколку во приватниот живот, да имаат повеќе социјални кругови кои не се познаваат меѓусебно, па дури и да одржуваат различни верзии од себе во секоја од овие средини.
Кај нив, ова не е секогаш планирано, туку спонтано – тие се водени од внатрешна потреба да истражуваат и да пробаат сè. Сепак, резултатот е ист: многу е тешко целосно да се запознаат.
Забава
Ќерката на Михаел Шумахер објави фотографија со својот татко и растажи многумина
Поминаа повеќе од 12 години од тешката несреќа што му се случи на Михаел Шумахер. Имено, во декември 2013 година, шампионот во Формула 1 претрпе тешки повреди на мозокот кога ја удри главата во карпа додека скијаше во Франција.
Неговите лекари мораа да го стават во индуцирана кома и од тој момент, му се губи секоја трага во јавноста. Семејството и блиските пријатели ги кријат информациите за неговото здравје, а само повремено јавноста добива увид во некои мали детали од неговиот живот.
Сега неговата ќерка Џина објави носталгична фотографија на Инстаграм. Станува збор за семејна фотографија од детството на која се гледа нејзиниот брат Мик, мајката Корин, таа и секако, Михаел Шумахер.
Покрај фотографијата таа упати емотивна порака што растажи многумина.
„Најдоброто засекогаш. Среќен роденден, тато“, напиша Џина.
А потоа дојдоа коментарите на корисниците на мрежата:
„Шуми, се надеваме дека ќе те видиме повторно еден ден“, „Тој е сè уште нашиот најголем херој и легенда“, „Најдобриот возач на Ф1 досега во историјата. Ни недостигаш“, се само дел од коментарите…

