Македонија
Царовска: Буџетот за наука мора постојано да се зголемува
Министерката за образование и наука, Мила Царовска, на онлајн-состанок со Роналд де Бруин, директор на Организацијата за европска соработка во науката и технологијата (COST), ја нагласи заложбата на Владата за суштинска промена на третманот на науката и зголемување на нивото на јавно вложување во научноистражувачка дејност.
„По долгогодишна маргинализација на науката во Северна Македонија и во услови на пандемија, ја адресиравме потребата за планско финансирање на национални истражувачки проекти. Пандемијата потврди дека улогата на науката и технологијата во решавањето на предизвиците на современото живеење е круцијална и затоа буџетот за наука мора постојано да се зголемува“, рече Царовска.
Таа истакна дека МОН воведува три нови начини на финансирање.
Грантовото е достапно од годинава преку иновациските ваучери на ФИТР. Од в година се воведува поддршка за национални истражувачки програми, а очекувањата се во 2022 година да се воведе програмско финансирање, кое ќе се спроведува во континуитет и ќе биде предвидено со целосно нов закон за научноистражувачка дејност.
По состанокот, над 60 учесници, главно од академските институции, учествуваа на виртуелниот СОЅТ инфо-ден за Северна Македонија, на кој се дискутира за можностите за учество во СОЅТ-програмата на земјите членки.
COST (Cooperation in Science and Technology in Europe) е најстарата и најголема програма за вмрежување во науката во Европа, која е основана 1971 година со седиште во Брисел. СОЅТ има годишен буџет од речиси 45 милиони евра и во оваа програм, освен членките на ЕУ, учествуваат и земјите од Европа кои не се членки на ЕУ (Швајцарија, Норвешка, Исланд, Молдавија и Турција), како и земјите од Западен Балкан (Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово). Република Северна Македонија е членка на СОЅТ од 2002 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

