Свет
Азербејџан: Резолуцијата на Франција за Нагорно-Карабах е провокативна
Резолуцијата изгласана во францускиот Сенат, со која се бара признавање на Нагорно-Карабах како независна земја, е пристрасна и провокативна, соопшти Министерството за надворешни работи на Азербејџан.
„Најпрво, би сакале да нагласиме дека предлог-резолуција за ’потребата за признавање на Република Нагорно-Карабах‘, усвоен од францускиот Сенат, беше директно поставена од страна на група отворено проерменски сенатори“, велат од Министерството.
Оттаму соопштуваат дека француските Ерменци го користат конфликтот во Нагорно-Карабах за изборни цели додавајќи: „Прифаќањето на комплетно пристрасна резолуција од Сенатот може само да се смета како провокација“.
Иако резолуцијата усвоена од Сенатот не е правно обврзувачка, Министерството соопшти дека тоа фрла сомнеж на неутралноста на земјата со посредувачка улога.
„Исто така, ја поткопува репутацијата на Франција како фер посредник во азербејџанското општество. Наместо да прифаќа пристрасни резолуции, вклучувањето на францускиот Сенат во активности што служат за мир, стабилност и напредок во регионот би одговарало на интересите на Франција и би довело до одржлив развој во регионот“, се додава во соопштението.
Францускиот Сенат вчера усвои резолуција која повикува на признавање на Република Нагорно-Карабах. Односите меѓу двете поранешни советски републики се тензични од 1991 година кога ерменската војска ги окупира Нагорно-Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан, и седум соседни региони. Новите судири избувнаа на 27 септември и завршија по шест недели кога беше постигнато примирје со посредство на Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

