Свет
СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот треба да му даде на светот значителна контрола над вирусот в година.
„Животот на кој сме навикнати пред пандемијата – мислам дека е многу, многу возможен повторно, но мора да продолжиме да одржуваме хигиена, физичко растојание. Вакцините не значат дека нема да имаме случаи на корона. Сепак, ставањето на вакцината во игра ќе ја сруши кривата, ќе завршат рестриктивните мерки и ќе ни даде контрола над болеста“, рече Рајан, како што објави „Ројтерс“.
Тој додаде дека е неопходна свесност за потребата од намалување на шансата короната да продолжи да се шири.
„Јас советувам голема претпазливост за време на новогодишните празници. Во Ирска, од каде што сум, во кујната може да има 15 луѓе што лупат компири и подготвуваат оброци за Божик заедно. Не смееме да го направиме тоа сега“, додаде Рајан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелската армија тврди дека Иран испукал нови ракети, Техеран негира

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека идентификувале нови ракети испукани од Иран кон израелска територија по прогласувањето на прекинот на огнот.
„Одбранбените системи моментално работат на пресретнување на заканата“, се вели во соопштението.
Друго ажурирање додаде дека сирените за воздушен напад се огласиле во северен Израел откако биле откриени ракетите.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац објави дека им наредил на Израелските одбранбени сили (ИДФ) енергично да одговорат на она што тој го нарекува кршење на договореното примирје од страна на Иран.
„Им наредив на ИДФ силно да одговорат на кршењата на примирјето од страна на Иран со интензивни напади врз режимски цели во центарот на Техеран“, рече Кац во соопштението.
Од друга страна, иранските државните медиуми објавија дека Иран ги негира обвинувањата на израелските власти.
Свет
Израелскиот министер за финансии: Техеран ќе трепери

Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрих, утрово објави порака на платформата „Икс“ по новите ирански ракетни напади врз Израел, во која се вели: „Техеран ќе трепери“.
Објавата беше споделена пред околу еден час и предизвика многу реакции.
Смотрих, член на крајно десничарската партија Религиозен ционизам и близок сојузник на премиерот Бенјамин Нетанјаху, претходно поддржуваше силни воени одговори на иранските напади. Неговите коментари доаѓаат во услови на тензии и покрај најавеното примирје што стапи на сила утрово.
Свет
„Јас сум најискусен“: Зеленски за напуштањето на функцијата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека сè уште не смета дека е можно да ја напушти функцијата украински претседател пред крајот на војната.
– Јас сум најискусен. Можеби не и најдобар, секогаш има подобри луѓе, но најискусен – рече тој во интервју за „Скај њуз“. Во исто време, тој истакна дека е подготвен да ја напушти владата врз основа на резултатите од изборите, но не прецизираше кога би можеле да се одржат.
Претседателските овластувања на Зеленски официјално истекоа пред повеќе од една година, на 20 мај 2024 година, но изборите сè уште не се одржани, бидејќи Киев тврди дека тоа е невозможно до крајот на вонредната состојба.
Зеленски, исто така, рече дека се надева дека ќе разговара со Доналд Трамп на самитот на НАТО во Хаг.
„Да, одам“, рече Зеленски во интервју за „Скај њуз“, кога беше прашан дали очекува средба со Трамп на претстојниот самит на алијансата. „Не знам што ќе се случи. Тимовите работат, ајде да одиме.“
Тој избегна одговор на прашањето дали се подготвуваат сериозни преговори или само разговор, велејќи дека сега се дискутира времето на можна средба со американскиот лидер.