Црна хроника
Жена прегазена во Скопје
Во утринските часови на 26 ноември во скопската полиција бил пријавен случај на прегазен пешак.
Според пријавата, настанот се случил на улицата Босна и Херцеговина во круг на скопска фирма кога автомобил „нисан“, управуван од Т. Ч. (35) од село Побожје, удрил во пешак од Скопје.
Станува збор за 63-годишна жена со иницијали С. С., која со возило на итната медицинска помош била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ биле констатирани тешки повреди, а подоцна им подлегнала на повредите.
За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Tетовка тешко повредена во сообраќајна несреќа
Вчера во полицијата било пријавено дека на крстосницата меѓу булевар „Илинденска“ и улицата „Браќа Миладинови“ во Тетово, автомобил „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И. (54) од Тетово, удрил во 57-годишната Х.Ќ. од Тетово.
Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Кривична пријава против 26-годишно момче од Тетово за демнење
Полицијата поднесе кривична пријава против 26-годишно момче од Тетово за демнење.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. На 29.05.2025, 21-годишна девојка од Тетово пријавила дека пријавениот ја вознемирувал и прогонувал“, информира МВР.

